Кошаркарите на Реал Мадрид доцна синоќа го совладаа Партизан во Белград и се изборија за мајсторка. Последниот меч во Мадрид ќе го даде патникот за Каунас на завршниот турнир во Евро-лигата .
Во преполната Арена шпанскиот тим успеа да триумфира со 85-78 и да изедначи на 2-2 во победи. Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ, изјави дека еден скок го одлучи победникот.
„Еден скок. Еден скок одлучи! И кошот на Таварес. Ги промашивме отворените шутеви и бевме брзоплети“ – изјави Обрадовиќ.