Финалето од плеј-офот во НФЛ лигата во кое Канзас Сити ја совлада Филаделфија со 38-35, е најгледаниот – „Супербол“ во историјата покажуваат новите податоци.
Иако беше објавено дека бројката е 113 милиони, сега агенцијата „Нилсен“ ја ревидираше и таа е 115.1 милион.
Со тоа е надминат рекордот од 2015 година кога просечната гледаност на мечот Њу Ингланд – Сиетл беше 114.8 милиони.