Англиската Фудбалска асоцијација започна дисциплинска постапка против менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој имаше коментари за судијата Пол Тирни по неделниот меч со Тотенхем. „Имаме историја со Тирнир, не знам што има против нас. Вели дека нема проблеми но, тоа не вистина“ – потенцираше Германецот по драматичниот финиш.Клоп токму поради тие зборови сега се соочува со казна од ФА.
Author: dino
Откако кабинетот на Бајден најави укинување на задолжителната вакцинација за сите странски државјани што ќе влезат на територијата на САД, се отвора патот за Новак Ѓоковиќ да настапи на Отвореното првенство на Америка. -Благодарение на напорите на целата Влада, рекорден број од 270.000.000 милиони Американци примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид. Денеска најавуваме дека нашата администрација на 11 мај ќе ги заврши сите барања поврзани со вакцината “, се вели во соопштението. Српскиот тенисер претходната година мораше да го пропушти собирот во Њујорк бидејќи не е вакциниран против Ковид-19.
Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, веројатно ќе биде ставен на траснфер листата на крајот на сезоната, најавуваат медиумите на „Чизмата“. Српскиот фудбалски репрезентативец кој беше купен од Фиорентина не успеа да се наметне кај „старата дама“. Тој одигра 44 мечеви и постигна 16 голови. Влаховиќ има договор до 2026 година а неговата трансферна сума се проценува на околу 70 милиони евра. За неговиот потпис се заинтересирани екипи од Англија и Германија.
Жозе Мурињо нема намера да се враќа во Премиер-лигата иако луѓето од Челзи се обиделе да го исконтактираат. Актуелниот договор на Португалецо со Рома ќе заврши во 2024 година доколку претходно не му биде продолжен или пак, добие отказ. „Волчицата“ под палката на „специјалниот“ игра одлично и успеа да влезе меѓу најдобрите 4 екипи во Лигата на Европа. Тимот од Рим до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди и виза за Лигата на шампионите за наредната сезона.
Челниците на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го купат фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт (Франкфурт), Рандал Коло Муани. 24 –годишниот играч во сезонава има одиграно 40 мечеви со ефект од 20 голови и 12 асистенции. Тој има тековен договор до 2027 година а германскиот тим за неговиот потпис бара околу 100 милиони евра. За Муани е заинтересиран и тимот на Баерн Минхен.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, пред денешниот меч кај Арсенал во дербито на Премиер-лигата, вели дека неговиот тим ќе се обиде да стигне до трите бода. „Во лондонско дерби сè е можно. Мислам дека имаме шанси за позитивен резултат“ – вели тренерот на „сините“. „Се надевам дека со добра игра ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи, Челзи не е тим кој е навикнат на порази“ – потенцираше Лампард.
Сем Алардајс е главниот фаворит да го наследи Хави Гарсија на клупата на фудбалскиот состав Лидс, најавија медиумите во Англија. Според наведеното, Шпанецот е на излезната врата откако тимот влезе во лоша серија и грчевито ќе се бори за опстанок во Премиер-лигата. Лидс е едно место пред црвената линија. Доколку се остварат најавите, Алардајс кој досега работел само во англиски клубови, ќе биде ангажиран до крајот на сезоната.
Возачите на Ред Бул остварија нова така наречена 1-2 победа на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1. На патеката во Баку, Мексиканецот Серхио Перез прв помина низ целта пред клупскиот колега Холанѓанецот, Макс Верстапен и возачот на Ферари, Чарлс Леклер. Бодови денеска уште освоија и Алонсо, Саинц, Хамилтон, Строл, Расел, Норис и Цунода. Кај возачите лидер е Верстапен со 93 бодови пред Перез со 87 и Алонсо со 60. Во конкуренција на конструктори прв е Ред Бул со 180 бодови пред Мерцедес со 87. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 7 мај на патеката…
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, нема да може да игра на отвореното првенство на САД откако Владата не ја повлече одлуката странските државјани што влегуваат во земјата да бидат вакцинирани против Ковид. Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) одлучи само да ги ажурира правилата но, не и целосно да ги укине. „Нагласуваме дека секој кој сè уште не е вакциниран може да ги исполни упатствата со примање една доза од новата бивалентна вакцина“ – рече Лорен Овиет од Центарот за контрола и превенција на болести. Доколку нешто не се промени, Ѓоковиќ втора година по ред нема да се појави на Грен…
Фудбалерот на Јувентус, Анхел Ди Марија, се пожалил на повреда и не заминал на денешното гостување кај Болоња во рамките на тековното коло во Серија „А“. По таа вест, веднаш се огласија неколку медиуми кои тврдат дека повредата на Ди Марија е „сомнителна“ бидејќи напаѓачот се налутил откако дознал дека нема да биде стартер. „Старата дама“ се бори да обезбеди место за Лигата на шампионите за наредната сезона. Натпреварот Болоња-Јувентус започнува денеска од 20:45 часот.
