Author: dino

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Квадрадо, бил погоден со тврд предмет од страна на фановите на Наполи во дербито на Серија „А“. Видеата на социјалните мрежи покажаа дека предметот го удира црномурестиот фудбалер додека се подготвува да го изведе корнерот. Колумбиецот во целата ситуација одреагира мирно и само ја зеде и ја фрли запалката надвор од теренот.

Read More

Манчестер Јунајтед сака да го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој не сака да го продолжи договрот со „спарси“. Трансферот може да се случи во текот на летото доколку репрезентативецот на Англија се определи да ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“, велат последните информации од Островот. Тимот од „Олд Трафорд“ е подготвен да му понуди на Кејн неделна плата од 300.000 фунти, со што ќе стане најплатен фудбалер во екипата.

Read More

Доцна синоќа во хотелот „Александар Палас“ се одржа премиерата на документарниот филм – „Патот на Кобра до ѕвездите“ посветен на иконата на мак-фудбалот Дарко Панчев. На истата беа присутни дел од легендарните играчи на Вардар и Црвена Ѕвезда. https://www.youtube.com/watch?v=3nXZ6cYRTwU Дејан Савичевиќ, Драган Стојковиќ Пикси, Драгиша Биниќ, Бошко Ѓуровски, Васил Рингов, Кочо Димитровски, Вујадин Станојковиќ, Илија Најдовски … Филмот кој во септември како серијал ќе се прикажува на „Спортклуб“, зборува за животот и успесите на популарната -„кобра“. Меѓу видните гости беа и архиепископот на МПЦ, господин-господин Стефан, селекторот Благоја Милевски како и повеќе личности од општественото живеење во Македонија.

Read More

Атлетичарот, Мо Фарах, кој има четири златни медали од Олимписките Игри, најави дека кон крајот на годинава на полумаратонот во Греј Норт ќе ја заврши богатата кариера.   „Грејт Норт Ран ќе биде моето последно натпреварување и тоа ќе биде моето збогување“ – потенцира Фарах кој има шест златни медали на светските и пет на европските првенства. Фарах на Игрите во Лондон (2012) и Рио де Женеиро (2016) успеа да ги освои златните медали на трките на 5 и 10 километри

Read More

Тони Надал кој му е роднина на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, вели дека некогашниот најдобар тенисер на АТП листата набрзо ќе ја санира повредата и ќе се врати на терените. „Рафаел се опоравува, верувам дека малку недостасува да се врати но, не можеше да игра во Мадрид. Тоа е турнирот што нетрпени го очекува но, ќе мора да почекаме уште една година, -рече Тони. „Нема играно меч од 18 јануари. Сепак, Рафа веднаш влегува во ритам а на грен слем многу зависи од ждрепката. Ако имате среќа во првите рунди, сè може да се случи“ – потенцираше Тони Надал.

Read More

Младиот фудбалер на Барселона, Гави, му ветил на тренерот Чави дека нема да си замине од клубот иако засега не може да добие професионален договор. Имено, Каталонците го надминаа лимитот за плати и затоа не добија дозвола да направат нов договор со големиот фудбалски талент. Според медиумите, Гави му ветил на неговиот тренер дека нема да го напушти стадионот – „Камп Ноу“ иако има можност без обештетување да ја промени средината.

Read More

Легендарниот фудбалер, Лотар Матеус, вели дека кризата во која е влезен Баерн Минхен може да се реши доколку играчите што беа купени како засилувања во претходното лето добијат поголема минутажа.   „Кога имате проблем во нападот а тоа е очигледно, зошто да не го пуштите младото момче да игра. Мислам на Тел, тој ги поседува сите квалитети кои треба да ги има еден напаѓач. Матијс Тел и Рајан Гравенберх треба да добиват многу повеќе шанси“ -вели Матеус. Баварците по доаѓањето на Тухел беа елиминирани од Купот на Германија и Лигата на шампионите а по поразот од Мајн го загубија и…

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав  Атлетико Мадрид, Енрико Серезо, сака повторно да ги гледа Лионел Меси и Кристијано Роналдо како играат во шпанскиот елитен шампионат. Во моментов поранешните ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид кои се во третата деценија од животот се активни во Франција и Саудиска Арабија. „Би било фантастично кога Меси би се вратил во Ла Лига исто како и Роналдо. Тие сè уште играат и би било фантастично кога се вратиле“ –беа зборовите на Серезо.

Read More

Македонскиот Олимписки Комитет го казни голманот на Вардар, Борко Ристовски, со четиригодишна суспензија, поради клеветите упатени кон првиот човек на МОК, Даниел Димевски. Токму Димевски го пријавил поранешен репрезентативец за навредите упатени на негова адреса на една македонска телевизија. Според одлуката, Борко Ристовски е казнет бидејќи „како претставник на политичка партија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини за Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски. Ристовски има рок од осум денови да поднесе жалба на одлуката на МОК.

Read More

Тенисерката од Полска, Ига Швонтек, посакува да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Франција на терените на „Ролан Гарос“. Новиот тениски Грен Слем собир ќе биде реализиран од 28 мај до 11 јуни. „Минатата година беше навистина тешка и чувствував дека сезонава може исто така да биде тешка поради тоа што луѓето го очекуваат од мене“ – вели Швонтек. „Чувствувам дека можам да го искористам моето искуство. Едноставно сум среќна што сум број 1 во светот повеќе од една година и тоа е возбудливо“ – вели тенисерката од Полска.

Read More