Author: dino

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, веројатно ќе го напушти италијанскиот фудбалски клуб во текот на летото бидејќи за неговите услуги се заинтересирани повеќето европски гиганти. Според „Газета дело Спорт“, Де Лаурентис за неговиот потпис ќе бара најмалку 150 милиони евра. 24-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 24 мечев и постигна 21 гол. Репрезентативецот на Нигерија има договoр со калчо-лигашот до јуни во 2025 година.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека на утрешниот меч со Саутемптон ќе ги нема на располагање стоперот Салиба и бекот, Зиченко. Французинот ги пропушти последните четири натпревари повреда на грбот додека Украинецот има проблеми со мускулот. „Мораме да почекаме уште малку со Вилијам. Тој не напредува толку брзо како што се надевавме. Не сме сигурни ниту за Зинченко. Тој допрва треба да се оправи“ – беа зборовите на Артета.

Read More

Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Тод Боли, крајно разочаран по елиминацијата од Лигата на шампионите, донесе две неочекувани одлуки во краток период. Тој откако им ги намали платите за 30 проценти на сите фудбалери кои беа ангажирани во зимскиот преоден, сега се определи за крајно невообичаен потег. Американскиот бизнисмен најави дека во јунскиот трансфер период ќе ги стави на продажба сите 32-ца играчи од првиот тим.

Read More

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на мускулот. Тој беше заменет на паузата на дуелот со Челзи во Лигата на шампионите. Според шпанскиот весник  – „Марка“, репрезентативецот на Австрија има мало истегнување на тетивата но, ќе може да игра против Осасуна во финалето од Купот на Шпанија. Алаба според проценките ќе ги пропушти мечевите во Примера од 22 до 29 април. „Кралевите“ тогаш ќе играат против Селта, Жирона и Алмерија.

Read More

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфс, верува дека искуството на тренерот Чаби Алонсо кој има пехари од Лигата на шампионите и од Мундијалите, ќе им помогне на „фармацевтите“ да влезат во полуфиналето во Лигата на Европа. „Тој стигна до неколку полуфиналиња и го има потребното искуство за стратегија и фокус на играта. Малкумина можат да го направат тоа како него“ – изјави Ролфс. Германците во првата средба на домашен терен одиграа само 1-1 против Реал Унион. Реваншот во Белгија е закажан за утре од 21.00 часот.

Read More

Францускиот фудбалски интернационалец, Оливие Жиру, ја продолжи соработката со Милан, објави денеска италијанскиот гиган на официјалниот веб-портал.   Голгетерот ќе остане на стадинот – „Сан Сиро“ до летото во 2024 година.Ќе потсетиме дека корпулетниот играч пристигна во Италија во летото во 2021 година. Тој има реализирано 76 натпревари и постигнато 27 голови.

Read More

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите вели дека сака да остане во редовите на „росонерите“.   Актуелниот договор на Португалецот ќе истече во летото во 2024 година а за неговиот потпис се заинтересирани повеќето европски гиганти од Англија, Шпанија и Франција. „Сакам да останам во Милан. Имам договор за уште една година и преговараме“ – потенцираше напаѓачот на Милан.

Read More

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, не сака да го споредуваат со Пеп Гвардиола кој на времето нижеше успеси со шпанскиот гигант. Иако напаѓачкиот фудбал кој го форсира Чави наликува на филозофијата на Пеп, тој вели дека Гвардиола останува број еден или најдобар тренер во светот. „Секој ден измислува нешто ново, тој е иноватор. Не можам да се споредувам со него“– изјави Чави.

Read More

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир кога ќе се формираат квалификациските групи за место на Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година. Заедно со нас се: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд. Тие не може да ни бидат противници. Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора и Хрватска. Шешир 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција и Косово.Шешир 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.

Read More

Јирген Клоп ги потврди последните информации дека Ливерпул се откажал од битката за ангажман на Џуд Белингем. Менаџерот јасно стави до знаење дека клубот нема финансиски потенцијал да реализира договор со Борусија Дортмунд. Цената на англискиот интернационалец  ќе биде повеќе од 100 милиони евра. „Морате да процените што можете да направите. Мора да видите колку пари имате. На пример, нема шанси да земеме шест фудбалери и секој од нив да чини 100 милиони фунти“ – вели Клоп.

Read More