Author: dino

Еурофарм Пелистер објави дека потпиша нов двегодишен договор со ракометарот, Павле Петровиќ. Десниот бек кој трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од наредната сезоната ќе биде прекомандуван во првиот тим на Битолчани. „Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, тоа е нов предизвик во мојата кариера“ – вели 23-годишниот интернационалец интернационалецот од БИХ.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по викенд -поразот од Болоња во Серија „А“, вели дека неговиот тим направил многу грешки и дека заслужено останал без бодови. „Тие беа многу добри додека ние бевме принудени да се обидеме ги корегираме нашите грешки но, не успеавме. Во првото полувреме имавме можност да постигнеме гол. Во вториот дел не одигравме како што сакавме“ – изјави Гасперини. Неговиот тим сега останува на шестото место на табелата со мали шанси да се избори за виза за Лигата на шампионите.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Порто, Серџо Консеисао, во текот на летото може да седне на кормилото на Интер и да го наследи Симоне Инзаги. „Газета дело Спорт“ објави дека некогашниот фудбалер на „нероаѕурите“ сака да се врати на „Чизмата“ сега во улога на тренер. Консеисао со екипата од „Драгао“ има договор до летотот во 2024 година. Интер во сезонава води грчевита битка да влезе во Топ 4 во Серија „А“ и да обезбеди мето во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерите на Ливерпул вчера одиграа нерешено против Арсенал во дербито на Премиер-лигата иако беа подобар противник а промашија и пенал преку Мохамед Салах. Нивниот тренер, Јирген Клоп, изјави дека екипата била блиску до целосен пресврт. „Се случи нешто што ни се случува цела сезона. Отворена игра а противникот ја искористи предноста и постигна гол“ – вели Клоп. „Пропуштивме неколку чисти шанси, што не е ништо ново. Конате во финишот можеше да постигне и трет гол“ –  изјави менаџериот на Ливерпул.

Read More

Средниот бек на ракометниот состав Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски, пред денешниот меч во Словачка вели дека ништо не е сигурно иако неговиот тим има големи 8 голови предност на хартија. „Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме“ – потенцираше Танкоски. Мечот меѓу Татран Прешов и Еурофарм Пелистер ќе започне денеска во 16:00 часот.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги чека реваншот од четвртфиналето против Татран Прешов во рамките на СЕХА лигата. По триумфот со осум разлика во Битола (37:29), тренерот, Александар Јовиќ, најави ќе им даде шанса на повеќе ракометари кои не добиваа голема минутажа. „Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои имаа многу настапи во нашето првенство и во СЕХА лигата. Сега ќе им дадеме поголема шанса на помладите играчи“ – вели  Јовиќ.

Read More

Женската ракометна репрезентација на Македонија го загуби првиот бараж -меч од Украина со 24-22 за пласман на Светското првенство што во декември треба да се одржи во Норвешка, Данска и во Шведска. Нашите ракометарки одиграа лошо во првиот дел и сосема спротивно во вториот но, не успеаја да направат пресврт. Сара Ристовска постигна 8 погодоци додека по три дадоа Саздовска и Јанеска. Кај Украинките Маркевич и Смбатиан имаа по 5 реализации Реваншот ќе биде оидгран по три дена на неутрален терен во Кишварда, Унгарија поради добро познатата состојба на релација Русија-Украина и воениот конфликт.

Read More

Нашите најдобри фудбалери ја задржаа 65-та позиција на новата ранг листа на ФИФА иако во претходниот месец забележаа две врзани победи. Прво ја совладавме Малта на стартот на квалификациите за Европското Првенство а само неколку денови подоцна славевме и на пријателски меч против Фарските Острови. Еве каде се сместени нашите противници во квалификациите за Континеталниот собир. Англија  е на 5-то место, Италија е осма, Украина се наоѓа на 30-то додека Малта е на 172.  позиција. На листата на ФИФА, Аргентина останува лидер пред Франција и Бразил.

Read More

Арманд Дуплантис, светски рекордер во скок со стап, потврди дека ќе настапи на митингот во Монако на 21 јули. Актуелниот олимписки и светски шампион моментално ги држи рекордите на осум турнири од Дијамантската лига. Атлетичарот од Шведска нагласи дека на собирот во Кнежевството ќе атакува на нов рекорд. „Со нетрпение очекувам да се вратам во Монако на 21 јули. Знам дека рекордот е 6,02 м. Ќе видиме дали ќе можам подобро. Монако е идеално место за скокање високо, особено благодарение на медитеранското време“ беа зборовите на Дуплантис.

Read More

Младиот фудбалер на Аталанта, Расмус Хојлунд, влегува во плановите на Баерн (Минхен) објавија денеска медиумите во Италија и Германија.   20-годишниот Данец има одлична сезона во Серија „А“ со што го привлече вниманието на фудбалските гиганти. Според наведеното, за неговите услуги се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид. Напаѓачот има одиграно 34 мечеви за екипата од Бергамо. Тој 14-ет пати се запиша во листата на стрелците.

Read More