Author: dino

Италијанската финансиска полиција изврши претреси во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, кои се осомничени за нереални високи трансфери нафудбалери. Истрагата против „волчицата“ се однесува на периодот од 2017 и 2021 година додека за лацијалите и Салернитана, фокусот е ставен на продажбата на играчи меѓу двата клуба кои имаа ист сопственик – Клаудио Лотито. Претходно за непрописни трансфери Јувентус беше казнет со одземање на 15 бодови во тековниов шампионат.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, планира да го ангажира 19-годишниот, Мауриц Кјаергард, кој настапува за екипата на РБ Салцбург.   Информациите велат дека англичаните  се блиску до потписот на играчот од средниот ред кој за 15 милиони евра ќе се пресели на стадионот-  „Олд Трафорд“. Данецот  за тимот од Австрија има одиграно 59 мечеви во сите конкуренции со ефект од 6 голови и 13 асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, по вчерашниот пораз на домашен терен од Реал Мадрид со 4-0 што значеше и елиминација од  Купот на Шпанија, вели дека тоа му е еден од најтешките порази во „Ел Класико. „Навистина боли. Тешко ќе можам да го пребродам поразот. Игравме многу подобро отколку што тоа го покажува резултатот“ – вели тренерот на Каталонците. „Вториот гол што го примивме едноставно не уби. Мора да признаеме дека одигравме лошо во вториот дел“ – потенцираше Чави.

Read More

Јувентус го коментираше вчерашниот инцидент со расистички навреди упатени кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, но, не му се извини на Белгиецот за случувањата на стадионот во Торино. -Фудбалскиот клуб Јувентус, како и секогаш, соработува со полицијата за да ги идентификува одговорните за синоќешните расистички гестови и скандирања. За одговорните ќе се применува – „Codice di Gradimento““, гласеше кратката порака на „бјанконерите“ на Твитер во која не се ни споменува името на играчот. Во исто време челниците на  Серија „А“ преку официјалниот веб-портал, изразија огорченост од расистичкото однесување на дел од навивачите.

Read More

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој ја загуби маската за лицето што ја носеше од безбедносни причини по тешката повреда на мечот со Милан, сега ќе добие нова. Имено, Руџеро, која ја направи изгубената маска, на Инстаграм се пофали дека сега подготвил нова  која набрзо ќе ја испорача до ѕвездата на Наполи. На маската се испишани иницијалите на напаѓачот и неговиот број 09. Претходно навивачите на лидерот почнаа да веруваат дека маската му носи среќа на голгетерот и почнале нашироко да ја практикуваат.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, проценува дека лошите партии на гостински терен се главната причина за малиот број на освоени бодови и загубената трка за титулата. Неговиот тим има одличен eфект на домашен терен додека на гостувањата главно остана со празни раце.  „Го знаеме проблемот и треба да го кореиграме. Мора да се поправиме до крајот на сезоната. Ако сакаме да се бориме за висок пласман мора мора да освоиме бодови и надвор од дома“ – потенцираше левиот бек на „црвените“.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, верува дека неговиот тим ќе ја запре лошата серија и ќе успее да се избри за опстанок во Премиер-лигата на Англија. „ Никој не негира дека нашиот клуб е во тешка позиција но, сакаме да ставиме крај на шпекулациите и лажните вести во медиумите со тоа што ќе потврдиме дека Стив Купер останува наш менаџер“ – вели Маринакис. „Сите сме разочарани и јасно е дека треба многу работа за да опстанеме. Нема време за гласини и шпекулации“ – потенцираше Маринакис.

Read More

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и на Струга ќе се борат за победникиот пехар во националниот Куп. Во денешните мечеви од полу-финалето „лавовите“ ја совладаа Шкендија и тоа во Tетово по изведувањето на пенали со 4-3 откако во регуларниорт дел беше 1:1. Во Струга, истоимениот тим успеа да се избори за првото финале во Купот откако минимално славеше против Силекс со 1:0 со голот на Меџит Незири во 65-та минута.  Македонија ЃП ќе се бори за третиот трофеј  (2006 и 2022) додека Струга ќе се обиде прв пат да го однесе во нејзините витрини.

Read More

Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски, пред мечот со Војводина во ракометната  СЕХА лига, вели дека нема време за тагување и размислување по неочекуваниот пораз од Алкалоид. „Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искусни играчи. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика и после да мислиме на вториот. Кога се брка резултат е потешко“ – вели Георгиевски. „ Сега е распоредот згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички и со главите да бидеме во мечот, немаме повеќе право на грешки. Имаат добра бековска…

Read More

Ракометарите на Вардар на 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одмерат силите со Војводина во првиот меч од четврфиналната фаза во СЕХА Лигата. Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски, не размисува со кој состав ќе дојдат гостите. „Војводина доминира во српското првенство и игра во полуфиналето на европските купови. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома па во гости“ – вели Недановски. „Имаме неколку повредени играчи, ќе се обидеме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред. Имаме натпревари и во првенството, купот и…

Read More