Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо сака да го одработи договорот со Рома кој ќе му истече во текот на летото во 2024 година. „Специјалниот“ пред новинарите на „Чизмата“ нагласи дека нема намера да ја менува средината иако за неговите услиги се заинтересирани неколку екипи кои останаа без тренер. Тука во преден план се шпекулира со англискиот Челзи. „Имам договор со Рома за уште една сезона но, понекогаш договорите не се најзначајни“ – нагласи 60-годишниот тренер кој има искуство и од Премиер-лигата.
Author: dino
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, се сврна на серијата откази што ги добија неговите колеги во последниов период. На листата во последниве 10-на дена фигурираат: Јулиан Нагелсман (Баерн Минхен), Брендон Роџерс (Лестер), Антонио Конте (Тотенхем) и Грем Потер (Челзи). „Тие се навистина фантастични менаџер но, работите некогаш можат да тргнат во насока во која не посакувате. Мораме да прифатиме дека е тоа дел од нашата работа“ – потенцираше Клоп.
Бруно Салтор, кој времено ќе биде тренер на фудбалерите на Челзи откако вчера Грем Потер заработи отказ, излезе за прв пат пред новинарите. „Сега сум тука бидејќи Потер и клубот почувствуваа дека тоа е вистинскиот чекор. Ќе се обидам да му помогнам на клубот и да покажам најголема професионалност“ – вели Салтор кој претходно беше дел од стручниот штаб на „сините“. Шпанецот ќе дебитира како прв тренер на утрешниот меч со Ливерпул кој ќе биде одигран на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Фабио Квартараро кој имаше дури 14-то време на тренингот во Аргентина, не знае зошто неговиот мотор не ги исполнува очекувањата. „Не знаеме што се случи. Задна гума се лизга и нема шанси да ја задржам брзината во свиоците. Треба да откриеме зошто“ – изјави светскиот шампион од 2021 година. „Генерално, денеска ни недостасуваше брзина. Тоа е големиот проблем. Очекував да бидеме подобри на патекава. Не разбирам зошто сега сме толку бавни“ – објасни Фабио.
Весникот – „АС“ објави дека фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, успешно се опоравува од повредата на бутот добиена на мечот со Реал Мадрид во Ла Лига. „Ако пред последните тестови шансите да заигра беа околу 10%, сега достигнаа 25%,“ открил за изданието извор од Камп Ноу. Каталонците денеска ќе излезат на мегдан со Елче во новата рунда во домашниот шампионат додека на 5 април ги чека реваншот со Реал Мадрид во Кралскиот Куп. Покрај Де Јонг, за средбата со „кралевите“ неизвесни се и Педри, Дембеле и Андреас Кристенсен.
Бордот на директори на Барселона дал одобрение да се започне реконструкција на стадионот – „Камп Ноу“. Вчера се дозна дека Каталонците успеале да договорат нови инвестиции во вредност од 50 милиони евра. Конечните планови требаше да бидат договорени вчера но, тоа не се случи. – ФК Барселона е во процес на подмирување на финансирањето и најавува дека преговорите ќе завршат наредната недела“, се вели во соопштението. Барселона времено ќе се пресели на Олимпискиот стадион додека трае реновирањето на – „Камп Ноу“.
Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, вели дека ѕведата на тимот, Букајо Сака, мора да го издржи притисокот од сите страни и да остане фокусиран на збиднувањата на теренот. Напаѓачот во сезонава постигна 12 гола и имаше 10 асистенции а за репрезентацијата на Англија успеа даде гол против Украина во европските квалификации. „Тој мора да се справи со очекувањата на медиумите и со вниманието што го имаат кон него на теренот“ – вели Артета.
Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Роџер Шмит, го продолжи договорот до 30 јуни во 2026 година, објави клубот од Португалија. „Се чувствувам како да сум на вистинското место. Многу сум среќен што Бенфика верува во мене“- изјави 56-годишниот стручњак кој го презеде тимот во мај 2022 година. Германецот претходно седеше на клупата на ПСВ Ајндховен, кинескиот Пекинг Гуан како и Баер Леверкузен и Ред Бул Салцбург.
Макс Верстапен со болидот на Ред Бул ќе стартува од првата позција на третата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Австралија . Тој во денешните квалификации успеа да обезбеди подобро време од членовите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Од четвртото место утре ќе стартува Фернандо Алонсо пред Карлос Саинц. Трката за ГН Австралија ќе биде возена утре на патеката – „Алберт парк“. На табелата води Верстапен со 43 бодови пред клупскиот колега Перез кој има бод помалку. На третото место е Алонсо. Кај конструкторите лидер е Ред Бул со 87 бодови.
Секој женски клуб во македонската Прва лига ќе добие по 10.000 евра како финансиска помош за административни потреби, пари кои Фудбалската федерација на Македонија ќе ги распредели на 11-те клуба преку солидарниот фонд на УЕФА од ланската женска Лига на шампионите. „Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување…итн.), ФФМ потврдува дека на женскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач, туку и како на дел од нашиот фудбал кој развива конкретни цели и задачи“ – вели Поповски. „ Преку напорите на ФФМ ние сакаме да ги поттикнеме клубовите…
