Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и на Струга ќе се борат за победникиот пехар во националниот Куп. Во денешните мечеви од полу-финалето „лавовите“ ја совладаа Шкендија и тоа во Tетово по изведувањето на пенали со 4-3 откако во регуларниорт дел беше 1:1. Во Струга, истоимениот тим успеа да се избори за првото финале во Купот откако минимално славеше против Силекс со 1:0 со голот на Меџит Незири во 65-та минута. Македонија ЃП ќе се бори за третиот трофеј (2006 и 2022) додека Струга ќе се обиде прв пат да го однесе во нејзините витрини.
Author: dino
Крилото на Вардар, Гоце Георгиевски, пред мечот со Војводина во ракометната СЕХА лига, вели дека нема време за тагување и размислување по неочекуваниот пораз од Алкалоид. „Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искусни играчи. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити да го добиеме мечот со повисока разлика и после да мислиме на вториот. Кога се брка резултат е потешко“ – вели Георгиевски. „ Сега е распоредот згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички и со главите да бидеме во мечот, немаме повеќе право на грешки. Имаат добра бековска…
Ракометарите на Вардар на 6 април во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе ги одмерат силите со Војводина во првиот меч од четврфиналната фаза во СЕХА Лигата. Тренерот на „црвено-црните“, Владо Недановски, не размисува со кој состав ќе дојдат гостите. „Војводина доминира во српското првенство и игра во полуфиналето на европските купови. Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбрана. Не ни значи дали играме прво дома па во гости“ – вели Недановски. „Имаме неколку повредени играчи, ќе се обидеме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред. Имаме натпревари и во првенството, купот и…
Доколку челниците на фудбалскиот состав Интер се определат да ја прекинат соработката со тренерот, Симеоне Инзаги, тогаш во игра влегуваат неколку имиња, велат информациите од Италија. Иако првично се споменуваа Де Зерби и Диего Симеоне, сега во преден план се наметнува, Антонио Конте, кој пред неколку денови заработи отказ од Тотенхем. Доколку се остварат последните прогнози, тоа ќе значи и враќање на Италијанецот во татковината.
Шпанските тенисери, Рафаел Надал и Карлос Алкараз, потврдија дека нема да учествуваат на турнирот во Монте Карло. Пред нив се повлече и Феликс Оже-Алијасим. Тоа значи дека Ѓоковиќ сигурно ќе остане на врвот на АТП најмалку до турнирот во Барселона кој ќе се одигра на 16-ти април. Претходната година на собирот во Монте Карло победи Стефанос Циципас од Грција.
Боксерот, Амир Кан, доби двегодишна суспензија, објави денеска британската анти-допинг агенција. „На 19 февруари 2022 година, агенцијата зеде примерок од урина од Кан пред борбата со Кел Брук. Примерокот покажа присуство на „остарин““, се вели во соопштението. Кан кој ќе ја одлежи казната до 5 април во 2024 година, рече дека внесувањето на „остарин“ не било намерно. Тој има 34 победи и пет порази.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека сите конкурираат за првиот состав и дека никој нема да биде привилигиран. Изјавата доаѓа пред денешниот меч со Челзи во фудбалска Англија. „Мора да промениме и во моментов вратата за место во составот е ширум отворена за сите. Можеби, се резервирани само 2-3 позиции“ – изјави Германецот. „Речиси на сите позиции сме под нивото. Навистина треба широко да ги отвориме очите и да го дадеме најдоброто“ – потенцираше Клоп.
Бруно Салтор, кој времено ќе ја има улогата на главен тренер во екипата на Челзи, вели дека не спиел многу пред денешниот меч со Ливерпул во рамките на фудбалската Премиер-лига. „Како што знаете, клубот побара од мене да истапам и да бидам професионалец.Тренер сум четири години но, Грем беше главен и тој го имаше последниот збор. Сега јас сум главен, против Ливерпул за прв пат ќе одберам стартен состав. Имам голема одговорност и ќе го дадам најдоброто“ – вели Салтор. Мечот меѓу Челзи и Ливерпул ќе биде одигран доцна вечер со почетокот во 21.00 часот на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Португалецот, Бернардо Силва, кој главно влегува на теренот од клупата за резерви, вели дека неговиот тим Манчестер Сити нема да се откаже од трката за титулата во Премиер-лигата. „Арсенал може да ја освои Премиер лигата но, ние ќе се бориме до крај. Тие се многу добри и го заслужуваат врвот. Натпреварот против Арсенал нема да биде решавачки“ – вели Силва. „Топчиите“ се на врвот на табелата со 72 бода додека Сити е втор со 64 и натпревар помалку. Вториот сезонски дуел меѓу главните фаворити за титулата ќе биде одигран на 26 април на „Етихад“
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, не сака да го коментира за скандалот со ФК Барселона. „Не можам да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија. И второ, затоа што не ја знам темата“ – вели Чеферин. Поранешните претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел се обвинети дека на Хозе Негреира, поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија и на неговата компанија им исплатиле вкупно 8,4 милиони евра.
