Author: dino

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, зборуваше со пофални зборови за младиот играч, Николо Фаџоли, истовремено изразувајќи ја поддршката за тренерот Масимилијано Алегри кој го тренираше кај „бјанконерите“. „Дури и кога Фаџоли тренираше со нас во првиот тим на 17 години, можеше да се види дека е подобар од другите младинци. Отсекогаш му се восхитував на Николо и не сум изненаден од тоа што го прави. Мора да продолжи на истиот начин“ – вели Пјаниќ. „Го знам менталитетот на клубот и Алегри врши извонредна работа. Јувентус е втор по Наполи и верувам дека може да заврши во…

Read More

Валенсија, Болоња и хрватскиот град кој допрва треба да се одреди, ќе му се придружат на Манчестер како домаќини на Дејвис купот во 2023 година, објави Меѓународната тениска федерација. Во финалето ќе учествуваат 16 нации кои ќе се натпреваруваат во четири групи од 12 до 17 септември. Mинатогодишниот шампион Канада, Италија, Шведска и Чиле се извлечени заедно во групата А што ќе се одржи во Болоња. Во групата Б се второпласираните Австралија, Велика Британија, Франција и Швајцарија а натпреварите ќе се играат во Манчестер. Шпанија, Србија, Чешка и Кореја во групата Ц ќе се сретнат во Валенсија додека селекциите на…

Read More

Полицијата во Манчестер може да го санкционира фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Причина за тоа се фотографиите објавени од таблоидот „Sun“, на кои се гледа како напаѓачот го користи мобилниот телефон додека е во неговото возило. Според весникот, сликите се направени на 15 март во близина на стадионот Етихад. Норвежанецот доколку биде прогласен за виновен ќе заработи парична казна од 200 фунти.

Read More

Кошаркарската федерација денеска потпиша договор за соработка со – „ Cryo mk“ или еден од најсовремените центри за спортска дијагностика во целиот регион кој е лоциран во рамките на СЦ Јане Сандански. Услугите што ги нуди – „Крио мк“ ќе им бидат достапни на нашите кошаркари за побрзо закрепнување од повредите. Договорот за соработка го потпишаа првиот човек на мак-кошарката Перо Антиќ и Бранислав Стојановски од – „Cryo mk“ кој ќе влезе и во новиот УО на КФСМ.

Read More

Возачот на Мерцедес во Ф1, Џорџ Расел, вели дека не очекува голема разлика во перформансите на тимот во Мелбурн во споредба со трката во Саудиска Арабија. „Мислам дека треба да очекуваме нешто слично и во Мелбурн. Има заеднички елементи – брзи и подолги свиоци. Така што, според мене, нема каде да дојде до промена“ – потенцира Расел.„Разликите се многу мали, две десетини од секундата одвојуваат три, четири или дури шест болиди. Ќе биде интересно в сабота“ – вели Расел.

Read More

Холандија вчера славеше против Гибралтар со 3-0 во вториот меч од квалификациите за ЕП а селекторот на „лалињата“, Роналд Куман, вели дека не е задоволен од ефикасноста. „Не видов доволно голови.  Во нападот бевме премногу невнимателни. Ќе  треба да подобриме неколку елементи “ – вели Куман. Неговата селекција во  септември ќе ги одмери силите со Грција и Ирска. Во групата лидер е Холандија која има две победи во првите две кола.

Read More

Селекторот на фудбалерите на  Франција, Дидие Дешам, вели дека неговите избраници заслужено се израдуваа на победа на теренот во Даблин. „Триколорите“ со минималниот триумф против Ирска, се зацврстија на чело на табелата во нивната квалификациска група за место на ЕП. „ Можеби не игравме толку добро како што би сакале но, мора да и оддадеме признание на Ирска која се бранеше фантастично“  – потенцираше селекторот на Франција. „Галските петли“ во јуни ќе ги одиграат наредните два меча. Прво на теренот на Гибралтар а потоа дома со Грција.

Read More

Бразилскиот голман, Нето, го продолжи договорот со англискиот клуб. „Црешите“ ќе го задржат капитенот до летото во 2026 година. Тој во сезонава одигра 18 мечеви а на четири од нив не прими гол. 33-годишниот искусен голман играше и за Валенсија, Јувентус и Фиорентина. Неговиот тим се наоѓа на претпоследното место на табелата и до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди опстанок во Премиер лигата

Read More

Англиските фудбалски состави, Челзи и Тотенхем, може да испратат понуда до германскиот тренер  Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од кормилото на Баерн Минхен. Имено, „сините“ имаат намера да се разделат со Грем Потер додека „спарси“ деновиве  ја прекинаа соработката со Антонио Конте. Нагелсман од 2021 година  беше на клупата на Баерн (Минхен).

Read More

Италија по 2025 година може да загуби една од двете трки во Формула 1 изјави претседателот на Италијанската автомобилистичка федерација – (АЦИ), Анџело Дамијани. На Апенините има трки на патеките  – „Имола“ и  „Монца“ а според Дамијани,  двете  влечат многу од буџетот на АЦИ и тоа може да доведе до откажување на една трка. „Минатата година вложивме дури 44 милиони евра за двете трки но, забележавме загуба пред се поради високите трошоци. Нашиот буџет не може да го издржи тој предизвик“ – рече Дамијани

Read More