Италија по 2025 година може да загуби една од двете трки во Формула 1 изјави претседателот на Италијанската автомобилистичка федерација – (АЦИ), Анџело Дамијани.
На Апенините има трки на патеките – „Имола“ и „Монца“ а според Дамијани, двете влечат многу од буџетот на АЦИ и тоа може да доведе до откажување на една трка.
„Минатата година вложивме дури 44 милиони евра за двете трки но, забележавме загуба пред се поради високите трошоци. Нашиот буџет не може да го издржи тој предизвик“ – рече Дамијани