Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, може да го пропушти дербито со Ливерпул закажано на 1 април во рамките на Премиер-лигата, тврди денеска неговиот татко – Алфи. Корпулентниот Норвежанец поради повредата добиена на мечот со Барнли во ФА Купот на Англија, мора да ги пропушти мечевите на неговата селекција против Шпанија и Грузија закажани за утре и за в понеделник. „Манчестер Сити работи со болница во Барселона и тој беше таму на дополнителни тестови. Mислам дека неговото учество на натпреварот со Ливерпул е многу неизвесно“ – изјави таткото на Халанд.
Author: dino
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, на тест дуелот против Фарските острови в понеделник на Арената во Скопје ќе биде и без Висар Муслиу. Тој е ослободен од обврските на барање на неговиот клуб од Германија – Инглштад. На мечот со Фарски Острови нема да настапат повреди: Аријан Адеми, Доријан Бабунски како и Ѓоко Зајков. Во записникот ќе го нема и голманот, Столе Димитриевски. Милевски соочен со кадровски проблеми, денеска го повика Јован Манев кој игра за Адана во Турција.
Тренерот на кошаркарите на ТФТ, Борко Смилковски, е казнет со 41.600 денари за навредите упатени кон судиите на мечот против Академија ФМП кога доби доби две технички грешки. Тоа значи дека тимот од Тафатлиџе ќе плати 3.200 денари за првата техничка грешка и двојно повеќе за втората. Дополнително ќе треба да издвои и 32.000 денари по пријавата од судиите. Згора на тоа ТФТ ќе плати и 8.000 денари казна за неспортско однесување како и по 6.400 денари за техничките грешки што ги заработија Андерсон и Мекбраер.
Селекторот на фудбалерите на Италија, Роберто Манчини, по вчерашниот пораз на домашен терн од Англија на стартот на квалификациите за ЕП во 2024 година, вели дека треба да се направи радикална промена. „Примивме лесни голови во првиот дел. Во вториот дел бевме подобри но, немавме сила за реми“ – вели селекторот на „аѕурите“. „Имаме уште девет натпревари до крајот . Можеби денеска загубивме но, има уште многу да се игра“ – изјави Манчини.
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Малта со 2-1 и ги освои првите бодови на стартот на новиот циклус квалификации за Европското првенство во 2024 година. Головите за Македонија ги постигнаа Елмас во 66-та и Чурлинов во 72-та минута додека за гостите погоди Јаник во самиот финиш на мечот. Во вториот дуел во групата, Англија славеше на теренот на Италија со 2:1. Головите за „Гордиот албион“ ги постигнаа Рајс и Кејн од пенал додека за „аѕурите“ погоди дебитантот, Ретегуи. Македонија вториот дуел во групата „Ц“ ќе го одигра на 16 јуни на домашен терен со Украина.
Поранешниот главен тренер на Локомотив ,Јури Семин, изјави дека Квича Кварацелија, може да конкурира за наградата за најдобар фудбалер во Серија „А“ . Грузиецот засега е прва ѕвезда на наполитанците кои се сигурни лидери во домашниот шампионат а обезбедија место и во четвртфиналето во Лигата на шампионите. „На секој натпревар ги гледаме неговите талентирани и необични реакции . Квича на секој натпревар игра се подобро и подобро“ – вели Семин.
Фудбалерот на Германија, Марио Гетце, пред пријателските мечеви со Перу (сабота) и Белгија (28 март), вели дека неговата репрезентација по серијата слаби настапи на ЕП и Мундијалот, треба да покаже квалитет. „Панцирите“ на континеталниот собир во Русија не ги исполнија очекувањата а истото им се случи и на Светското првенство во Катар кога испаднаа по првата фаза. Германија ќе биде домаќин на Евро 2024. „Ни претстои европско првенство и чекор по чекор одиме кон него. Така ќе се однесуваме на тешките натпревари. Мислам дека во иднина треба само да се подобруваме“ – потенцираше Гетце.
Турскиот новинар, Алпер Будка, раскажа како Турција се однесува кон руските фудбалери и воопшто кон нивната татковина. „Анти-американските чувства се во пораст во Турција. Има се повеќе луѓе кои ја претпочитаат Русија но, ми се чини дека повеќето од нив се против воените операции. А турските навивачи првенствено се заинтересирани за квалитетите на фудбалерот а не за националноста. Затоа, тука нема негативност кон руските играчи“ – рече Будка. Рускиот играч за врска, Магомед Оздоев, настапува во Турција во клубот Фатих Карагумрук.
Луѓето од Челзи ќе го ангажираат играчот на Фулам, Андреас Фереира, доколку Мејсон Маунт не се согласи да ја продолжи соработката. Ќе потсетиме дека Фереира го напушти Манчестер Јунајтед во летото во 2022 година. Во моментов, преговорите на раководството на лондончани за нов договор со Маунт се во мирување. Во исто време, за играчот на „сините“, се заинтересирани: Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ќе мора да паузира откако се повредил на првиот ден од подготовките со селекцијата на Норвешка. Скандинавците во наредните денови ги чекаат квалификациски натпревари за Европското првенство. Мечот против Шпанија е на 25-ти додека три дена подоцна ќе играат со Грузија. -Халанд се врати во Манчестер за да започне терапија и лечење под надзор на докторите од клубот – соопштија од репрезентацијата на Норвешка.
