Author: dino

Кошаркарот на Партизан, Матија Лесор, кој физички го нападна играчот на „црвено-белите“, Филип Петрушев, на мечот од региналната АБА лига, ќе мора да паузира три средби. Згора на тоа интернационалецот од Франција ќе треба да плати и казна од 10.000 евра. Црномурестиот играч нема да може да настапи за белграѓани на средбите со Цедевита Олимпија, МЗТ Скопје и Игокеа.

Read More

Шпанскиот возач во Ферари, Карлос Саинц, вели дека бил изненаден од текстовите во медиумите поврзани со неговата екипа по настапот на првата сезонска трка во Формула 1 во Бахреин. „Сега е многу подобро од тоа се пишуваше за Ферари во изминатата недела, тоа дефинитивно не беше добро за нас“ – изјави Саинц пред трката во Саудиска Арабија. „Свесни сме дека мора да ги подобриме нашите перформанси. Ме изненадија нападите против Ферари во италијанските медиуми“ – потенцираше возачот на Ферари.

Read More

Фудбалерите на Челзи влегоа во мини победничка серија во сите конкуренции а нивниот тренер, Грем Потер, вели дека посакуваните резултати се остварени со добра игра и со малку среќа. „Ви треба среќа. Колку и да сте добри, значајно е да имате среќа. Не треба да чекате да се случи, мора да се борите за неа“ – вели тренерот на „сините“. „По трите победи мораме да ја задржиме формата. Сега ни претстои меч со сериозен противник но, ќе одиме на нови три бода“  – изјави Потер пред денешниот дуел со Евертон во новото коло во Премиер-лигата.

Read More

Денеска започна продажбата на влезниците за првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација против Малта од квалификациите за ЕП 2024 како и за пријателскиот меч против Фарски Острови. На 23. март (четврток), нашата најдобра репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП против Малта на „Тодор Проески“ во Скопје. Четири дена подоцна, на 27. март (понеделник), во пријателски натпревар ќе ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови. Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Малта и натпреварот Македонија – Фарски Острови се одвива исклучиво преку продажната мрежа на MkTickets. https://mktickets.mk/event/mkd-mlt/

Read More

Џани Инфантино ќе остане на престолот на ФИФА и во наредните четири години откако ја доби поддршката од сите 211 членки на светската фудбалска федерација. Тој на 72-конгрес кој се одржува во Кигали, главниот град на Руанда, немаше против-кандидат. Швајцарецот беше главниот иницијатор наредниот Мундијал да се реализира со учество на 48 земји. На конгресот беше и наша делегација предводена од првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

Read More

Луѓето од Арсенал испратиле скаути да го следат настапот на  бразилското крило Пепе на мечот со Интер во Лигата на шампионите. 26-годишниот фудбалер на Порто дефинитивно влегува во радарот на Микел Артета кој има одредени проблеми по страничните позиции. Пепе по дефиниција е десно крило но, може да игра и на левата страна. Тој откако пристигна на „Драгао“ во 2021 година, има 84 настапи, 11 голови и 14 асистенции.

Read More

Утре во Нион ќе бидат формирани двојките за четврфиналната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Во трката за пехарот останаа: Интер,  Милан и Наполи од Италија, Манчестер Сити и Челзи (Англија), Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија) и бранителот на тронот Реал Мадрид (Шпанија). Сега клубови од иста земја и иста група од есенскиот дел може да играат меѓу себе. Првите натпревари ќе се играат на 11 и 12 април додека реваншите се закажани на 18 и 19. Полуфиналињата ќе се играат на 9 и 10 мај а реваншите една недела подоцна. Финалето на стадионот „Ататурк“во Истанбул (Турција) е предвидено за 10 јуни.

Read More

Маурицио Сари, тренерот на Лацио, не крие дека е крајно разочаран од политиката која владее во европскиот и светскиот фудбал. „Ние играме на секои три дена од 3-ти јануари поради лудоста која беше направена со Светското првенство. Тоа придонесува да гледаме повреди и лош фудбал“ – вели Сари. „Треба да бидам среќен што сум блиску до пензионирање“ – изјави тренерот на „римските орли“.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијаш, може да се врати во неговиот претходен состав, Ајакс, велат последните информации од Англија. „Копјаниците“ и во претходното лето сакаа да го ангажираат Мароканецот но, „сините“ не се согласија со условите за трансфер. Брзоногиот напаѓач кој не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“, претходно имаше одлична кариера во Ајакс. Тој за 4 години забележа 165 мечеви со ефект од 49 гола и 81 асистенција.

Read More

Фудбалерите на Наполи со две сигурни победи го елиминираа Ајнтрахт Франфурт и влегоа во четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Лучијано Спалети, не крие дека е задоволен од прикажаното на вчерашниот меч. „Остваривме историска цел со клубот. Во вториот дел бевме далеку подобри“ – потенцираше Спалети. Италијанците противникот за наредната фаза ќе го дознаат утре во Нион.

Read More