Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот втор пораз од Реал Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите, вели дека „кралевите“ и Манчестер Сити ги гледа како главни кандидати за победничкиот пехар. „Реал повторно беше многу добар. Тие  имаа подобри шанси и мора да се покаже почит кон нив“ – вели Клоп. „Кој сака да го освои трофејот во Лигата на шампионите ќе мора да ги победи Реал Мадрид и Манчестер Сити“ – потенцираше менаџерот на „црвените“.  

Read More

Денеска беа формирани двојките за полуфиналната фаза во домашниот фудбалски Куп. Струга Трим Лум ќе игра со Силекс а Шкендија ќе се сретне со Македонија ЃП. Ќе се одигра само по еден меч. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш ќе се изведуваат пенали. Терминот е 5 април. Кратовци имаат три пехари. „Лавовите“ имаат два и се актуелни бранители на трофејот. Шкендија исто така два пати победила во финалето додека Струга допрва го чека премиерниот трофеј од Купот.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацелија, направи мајсторија на мечот со Аталанта со што потсети на дриблинзите што на времето ги имаше легендата на клубот, Диего Армандо Марадона. Потврда за тоа дојде и од тренерот, Лучиано Спалети, кој не крие дека е импресиониран од партиите на Грузиецот. „Има работи во фудбалот кои ретко се гледаат а Кварацхелија ни презентираше такво нешто во изминатиот викенд. Може да се каже дека тоа беше гол во стилот на Марадона“ – потенцираше Спалети.

Read More

Микаела Шифрин, која изненадувачки се раздели со тренерот, Мајк Деј, за време на Светското првенство во алпско скијање во Куршевел и Мерибел, сега ќе ја тренира Карин Харјо, соопшти во американската федерација. Таа претходно соработувaше со Американката додека беше помошник тренер на репрезентацијата на САД. Харјо во сезонава го водеше канадскиот женски тим. „Мислам дека таа може да даде огромен придонес во мојата работа во наредните години и ќе донесе нов пристап кон тренинзите“ –  додаде Американката.

Read More

Масимо Морати, кој на времето беше прв човек на фудбалскиот состав Интер, вели дека сегашниот тим има квалитет и одличен тренер, но, ги нема резултатите што ги очекуваат навивачите. „Тимот е во криза иако составот е силен. Тимот не е целосно фокусиран на игрите. Ситуацијата е малку збунувачки, имајќи го предвид квалитетот на играчите“ – изјави Мората. „Нероаѕурите“ се на второто место на табелата со големо заостанување во однос на лидерот Наполи. Интер утре го чека и реваншот со Порто во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Леандро Тросард кој имаше три асистенции на мечот со Фулам, доби пофалба од менаџерот, Микел Артета. Благодарение на успешните додавања на Белгиецот, неговите соиграчи, Габриел, Мартинели и Одегард, успеаја да постигнат голови за 3:0 и сигурна победа на лидерот на табелата. „Имаше три асистенции и можеше да постигне два гола. Беше навистина импресивен. Тој ја направи разликата“ – потенцираше Артета задоволен од играта на Тросард.

Read More

Откако Џон Џонс по 3-годишно отсуство се врати на првото место во УФЦ без разлика на тежинската категорија, поранешниот шампион, Даниел Кормиер, не се согласува со фактот дека Џонс е број 1. „Мислам дека е тешко да се нарече Џонс најдобар на сите времиња. Јас лично мислам дека не треба да биде без разлика на класата на тежина“ – вели Кормиер. „Мислам дека Александар Волкановски треба да остане на врвот“ – беа зборовите на Кормиер.

Read More

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Џанлука Скамака, кој настапува за англискиот Вест Хем, може да добие понуда во текот на летото да се врати во татковината. Наводно, челниците на Интер се заинтересирани за 24-годишниот напаѓач бидејќи на Един Џеко набрзо ќе му истече договорот а Ромелу Лукаку не е сигурен дали ќе остане во клубот. Скамака кој има одиграно 9 мечеви за селекцијата на „аѕурите“,  има договор со популарните „чекани“ до 2027 година.

Read More

Екипата на Њукасл која се бори за место во топ 4 во Премиер-лигата а со тоа и за виза за Лигата на шампионите, сака да се засили со Рафиња кој настапува за составот на Барселона. Богатите сопственици на англискиот тим не се откажуваат од идејата да го ангажираат 26-годишниот Бразилец, кој пак, не е стартер во тимот на Чави. Рафиња има одиграно 36 мечеви во сите конкуренции. Тој постигна 8 голови и направи 9 асистенции. Се очекува понудата на Њукасл да биде околу 50 милиони.

Read More

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед е подготвен да испрати понуда од 130 милиони евра за да го обезбеди потписот на Камавинга од Реал Мадрид, објавија денеска медиумите во Англија. Менаџерот, Тен Хаг, сака да направи одредени корекции во средниот ред а токму младиот Французин се вклопува во неговата концепција. 20-годишниот играч има реализирано 79 мечеви за „кралевите“ со ефект од 3 гола и две асистенции.

Read More