Author: dino

Челниците на фудбалскиот состав, Шкупи, по вторпат во сезонава се разделија со тренерот, Гоце Седлоски. Нашиот признат стартег беше кормилото на чаирчани во почетокот на шампионатот а потоа ја прекина соработката. Сепак, само неколку денови подоцна, Шкупи повторно го ангажираше. Бидејќи во наредните 10-на дена екипата ќе нема обврски поради термините резервирани за репрезентативни обврски, чаирчани ќе имаат доволно време да обезбедат нов стратег.

Read More

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, не можеше да го сокрие незадоволството по трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој заврши втор зад клупскиот колега, Серхио Перез. „Секако дека сите во тимот се среќни но, јас лично не сум среќен затоа што не сум тука за да бидам втор“ – потенцираше Холанѓанецот. „Сите во тимот вложуваат сериозни напори да се борат“ – вели Верстапен кој по две трки е на чело на табелата кај возачите а неговиот тим Ред Бул е лидер кај конструкторите.

Read More

Светската боксерска асоцијација им нареди на Украинецот, Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури, до 1 април да потпишат договор за борба. Претходно ВБА соопшти дека на 11 март добила потврда од двете страни за одржување на борбата. Два дена подоцна, Фјури му предложи на Усик да ја отстрани клаузулата за реванш. 34 годишниот Британец има 33 победи и 1 реми додека Усик има 20 победи во исто толку влегувања во рингот.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, не крие дека е изнервиран по вчерашниот пораз на домашен терен од Јуве со 1-0 откако судиите по анализата во ВАР собата го признаа голот за гостите. Имено, во почетокот на акцијата на „старата дама“ се доби впечаток дека Рабио и Влаховиќ, играа со рака но, главниот судија и луѓето од ВАР сепак го признаа погодокот. „Нема што да се коментира, играта со рака е 100% евидентна и акцијата е нерегуларна. Не можеме нормално да зборуваме за натпреварот по таква грешка“  – вели Инзаги.

Read More

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо, ја критикуваше ФИА за начинот на кој ги донесува одлуките. Шпанскиот возач на Астон Мартин на трката во Саудиска Арабија заврши трет но, беше казнет и го загуби подиумот. Неколку часови подоцна, ФИА ја промени одлуката и му го врати третото место.  „Мислам дека тоа што се случи денеска не е добро за навивачите бидејќи имаа 35 круга да не информираат за казната. Чекаат да помине подиумот па дури потоа казнуваат, нешто не е во ред со системот. Тоа што се случи е тажно за ФИА“ – изјави Алонсо.

Read More

Тенисерот, Карлос Алкараз, кој го победи Данил Медведев во текот на ноќта во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, од денеска е нов лидер на АТП-листата. Тој го потисна на второто место Србинот, Новак Ѓоковиќ, кој не доби дозвола од властите во САД да се појави на силниот турнир. Шпанецот успеа да го добие мечот со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2 и да го запре одличниот ритам на Русинот кој имаше 20-ет победи по ред.  Алкараз сега го чека настап на турнирот во Мајами.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа загубија на теренот на Барселона со 2:1 по што заостануваат големи 12 бодови во однос на Каталонците во трката за шампионската титула.   Математика вели дека Барса речиси сигурно ќе биде шампион на Ла Лига бидејќи е тешко за очекување дека Реал ќе ја надополни негативата во последните 12 кола. Тоа на некој начин го потврдува и изјавата на голманот на „белите“, Тибо Куртоа. „Мора да сме искрени и реални. Барса има четири меча предност така да тешко дека ќе ја одбраниме Ла Лига. Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите и Кралскиот куп“…

Read More

Фернандо Алонсo иако успеа денеска да ја помине целната линија на трката во Саудиска Арабија веднаш зад возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен,  на крајот го освои четвртото место. Шпанскиот возач во болидот на Астон Мартин  прво доби пет секунди казна поради лошо позиционирање на стартот а на крајот му беа додадени уште десет. Со тоа Алонсо го загуби стекнатото место на подиумот и падна на четвртото. Тоа му овозможи на членот на Мерцедес, Џорџ Расел, да прогресира за една позиција. 

Read More

Возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен, донесоа нова така наречена 1-2 победа на нивниот тим и на патеката во Саудиска Арабија. Тие го повторија успехот од премиерната трка во Бахерин со тоа што Мексиканецот сега е прв а Холанѓанецот втор. Интересно е тоа што Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин повторно го пополни третото место на пиедесталот и покажа дека има квалитет да се бори за врвот. Зад него останаа членовите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Бодови освоија и Естебан Окон и Пјер Гасли од Алпин како и Кевин Магнусен со возилото на Хас.…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски, пред мечот со Малта закажан за в четврток во Скопје, вели дека почетокот на квалификациите е многу значаен за нас. „Среќни сме што после неколку месеци повторно се собираме со репрезентацијата на Македонија. Започнуваме нов квалификациски циклус и секако дека посакуваме победа против Малта и старт со три бода. За нас е исклучително значајно успешно да ги започнеме квалификациите затоа што потоа ни доаѓаат многу посериозни натпревари во силната група со Англија, Италија и Украина.“ – потенцира Алиоски.   „Посакувам сите да бидеме здрави и комплетни и верувам дека ќе го дадеме најдоброто. Ќе се…

Read More