Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо, ја критикуваше ФИА за начинот на кој ги донесува одлуките.
Шпанскиот возач на Астон Мартин на трката во Саудиска Арабија заврши трет но, беше казнет и го загуби подиумот. Неколку часови подоцна, ФИА ја промени одлуката и му го врати третото место.
„Мислам дека тоа што се случи денеска не е добро за навивачите бидејќи имаа 35 круга да не информираат за казната. Чекаат да помине подиумот па дури потоа казнуваат, нешто не е во ред со системот. Тоа што се случи е тажно за ФИА“ – изјави Алонсо.