Светската боксерска асоцијација им нареди на Украинецот, Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури, до 1 април да потпишат договор за борба.
Претходно ВБА соопшти дека на 11 март добила потврда од двете страни за одржување на борбата. Два дена подоцна, Фјури му предложи на Усик да ја отстрани клаузулата за реванш.
34 годишниот Британец има 33 победи и 1 реми додека Усик има 20 победи во исто толку влегувања во рингот.