Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, не можеше да го сокрие незадоволството по трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој заврши втор зад клупскиот колега, Серхио Перез.
„Секако дека сите во тимот се среќни но, јас лично не сум среќен затоа што не сум тука за да бидам втор“ – потенцираше Холанѓанецот.
„Сите во тимот вложуваат сериозни напори да се борат“ – вели Верстапен кој по две трки е на чело на табелата кај возачите а неговиот тим Ред Бул е лидер кај конструкторите.