Возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен, донесоа нова така наречена 1-2 победа на нивниот тим и на патеката во Саудиска Арабија. Тие го повторија успехот од премиерната трка во Бахерин со тоа што Мексиканецот сега е прв а Холанѓанецот втор.
Интересно е тоа што Фернандо Алонсо со болидот на Астон Мартин повторно го пополни третото место на пиедесталот и покажа дека има квалитет да се бори за врвот. Зад него останаа членовите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Бодови освоија и Естебан Окон и Пјер Гасли од Алпин како и Кевин Магнусен со возилото на Хас.
На табелата кај возачите води Верстапен со 44 бодови пред Перез со еден помалку додека кај конструкторите лидер е Ред Бул со 87 бодови пред Астон Мартин и Мерцедес со 38.