Author: dino

Возачите на Ред Бул остварија 1-2 победа на премиерната трка во новата сезона во Формула 1. На патеката во Бахреин прв беше Холанѓанецот, Макс Верстапен а втор Мексиканецот, Серхио Перез. Третото место на пиедесталот го пополни Шпанецот Фернандо Алонсо, кој настапи за Астон Мартин. Бодови на стартот на новата сезона освоија и Саинц, Хамилтон, Строл, Расел, Ботас, Гасли и Албон. Втората сезонска трка ќе биде возена во Саудиска Арабија на 19 март.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Челзи имаат намера во текот на летото  да го ангажираат хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол, кој има одлични настапи за екипата на Лајпциг во Бундес- лигата. Тој беше и меѓу најдобрите во селекцијата на Хрватска на Светското првенство во Катар. Англиските медиуми денеска наведуваат, дека „сините“ се подготвени да испратат понуда од околу 100 милиони евра и да го направат Гвардиол најскап дефанзивец во Премиер-лигата. Рекордот засега го има капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

Read More

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, нема да може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против корона, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот. Тој напиша дека Србинот не добил дозвола да игра на турнирите во Индијан Велс и во Мајами иако испратил барање за посебна дозвола за влез. Сега само претседателот Бајден може да издаде посебна дозвола за Ѓоковиќ да игра на двата Mастерс турнира. САД на 11 мај ќе ги укине мерките за борба против корона- вирусот што значи дека Ѓоковиќ тогаш ќе може слободно да патува во земјата.

Read More

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, на првата сезонска трка во Бахреин се определи да вози со кацига на која беа прикажани боите на виножитото . Како што е познато, тоа е симбол на ЛГБТ заедницата. ФИА соопшти дека нема проблем со одлуката на Британецот бидејќи тоа директно не ги прекршило нејзините упатства. Познато е дека Меѓународната федерација на автомобили воведе контроверзна забрана за политички настапи на возачите за време викендите.

Read More

Финансиското тело на УЕФА ги суспендира : Арис (Грција), Астана (Казахстан), Борац Бања Лука (БиХ), Клуж (Романија), Флоријана (Малта), Коњаспор (Турција), Жар (Казахстан), Олимпија Љубљана (Словенија), Осијек и Ријека (Хрватска) и Валмира (Летонија). Одлуката е донесена по детална анализа и поради непочитување на финансиските регулативи пропишани за сезоната 2022/23. Станува збор за долгови за плати и за направени трансфери. Сите ќе добијат дополнителна казна од 10.000 евра доколку не ги исплатат долговите до крајот на месецов.

Read More

Нашиот атлетичар, Дарио Ивановски, не успеа да влезе во главната трка на патеката од 3000 метри на Европското првенство во сала што се одржува во Истанбул во Турција. Тој денеска во неговата квалификациска група го освои последното место со време од 08:17.93 минути. Ивановски на крајот го обезбеди 20 место. Ќе потсетиме дека вчера, Дрита Ислами, на патеката од 400 метри не успеа да ги помине квалификациите и да продолжи во главниот дел.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити утре ќе го пречекаат Њукасл во новото колото во Премиер лигата. Домаќинот е во трка со Арсенал за титулата додека гостите се борат за влез во Топ 4. Менаџерот на „граѓаните“,  Пеп Гвардиола, вели дека противникот иако нема победа во последните четири првенствени натпревари, треба да се респектира. „Њукасл направи извонреден избор. Донесоа искусни играчи. Имаат и многу добар менаџер “ – потенцираше тренерот на Манчестер Сити.

Read More

Тренерот, Грем Потер, кој влезе во лоша серија со Челзи, верува дека до крајот на сезоната може да се избори за место кон врвот на табелата. Поточно, главан цел за „сините“ ќе биде обезбедување на виза за евро-конкуренцијата.  „Мора да реагираме на лошиот момент . Мора да се фокусираме на наредниот натпревар. Тоа започнува утре против Лидс“ – вели Потер. Челзи засега има 31 бод и се наоѓа на 10 место на табелата со големо заостанување во однос на конкурентите кои се борат за излез во Европа.

Read More

Медиумите во Шпанија објавија дека челниците на фудбалскиот состав Барселона ќе мора да се ослободат од повеќе играчи за да можат да го балансираат лимитот за плати и со тоа да купат засилувања. Според непотврдени информации, Каталонците се во големи долгови и со сегашниот ростер дефинитивно не може да ги исполнат условите. Во текстовите се вели дека шпанскиот гигант ќе мора да се ослободи од играчи чија вкупна вредност надминува 200 милиони евра.

Read More

Ларс Валтер го напушти кормилото на ракометниот состав Еурофарм Пелистер откако тимот не успеа да влезе во разигрувањето во Лига Европа и доживеа два пораза на стартот на СЕХА лигата. -Иако имаше потпишано соработка до јуни во 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа“ – стои во објавата на Еурофарм Пелистер. Додека да се определи нов тренер, екипата времено ќе ја води Божидар Мојсов.

Read More