Author: dino

Фудбалерот на Манчестер Сити, Алварез, ќе добие понуда да замине како позајмен во Барселона, најавија дел од медиумите во Шпанија и Англија. Наводно, Каталонците стапиле во контакт со челниците на „граѓаните“ и побарале Алварез да се пресели на Пиринеите во текот на летниот трансфер период. Аргентинскиот интернационалец кој ретко влегува во стартниот состав на Пеп Гвардиола, не крие дека сака да ја промени средината и да замине на стадионот – „Камп Ноу“.  Тој има договор со англискиот состав  до летото во 2027 година.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, верува дека тимот ќе го надмине последниот пораз од Алмерија и утре на Куп пресметката со Реал Мадрид ќе успее да дојде до победата. „Ние сме подготвени. Реал е тим со одлични играчи. Мора да се разбудиме и да покажеме колку вредиме“ – вели дефанзивецот. Барсе е влезена во лоша серија а тренерот Чави се соочува и со проблeми во ростерот. Утре сигурно нема да играат повредените: Роберт Левандовски, Дембеле и Педри.

Read More

Јувентус покажува дека е заинтересиран за 20-годишниот дански фудбалер Расмус Хојлунд кој во сезонава постигна 13 гола во дресот на Аталанта. Станува збор за одличен напаѓач за кого се заинтересирани и луѓето од Милан и Рома. „Старата дама“  го гледа младиот играч како евентуална замена за Душан Влаховиќ, кој веројатно во текот на летото ќе замине во друг состав.

Read More

Англиската Федерација покрена истрага против фудбалерот, Тони, за прекршување на правилото за обложување. Тој се обложил точно 262 пати пред да пристигне во Премиер лигата во периодот од 2017-та до 2021-ва година а казната ќе стапи на сила при донесувањето на конечната одлука на ФА. Напаѓачот на Брентфорд е трет најдобар стрелец во Премиер лигата со 14 постигнати голови колку што има и играчот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Read More
NBA

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкер,  Леброн Џејмс, кој го повреди скочниот зглоб на мечот против Далас, ќе мора да паузира подолг период, велат последните информации од САД. 38-годишниот играч во континуитет се соочува со повреди во тековнава сезона и главно е надвор од стројот. Тој мораше пред  „мечот на ѕвездите“ да пропушти три средби или досега вкупно 14-ет во сезонава. „Езерџиите“ во Западната конференција имаат 29 победи и 33 пораза и грчевито се борат да влезат во плеј-офот.

Read More

Македонската футсал репрезентација денеска ќе го одигра мечот од 3 коло со Италија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2024. Ние имаме  едно реми и еден пораз во Групата 10 во која се наоѓа и селекцијата на Шведска. Првиот меч со „аѕурите“ во Скопје заврши 3-3.  Денешниот натпревар во Катанија меѓу Македонија и Италија ќе се одигра со почеток од 20 часот. Последниот меч во групата ќе ни биде на 5 март на домашен терен против Шведска. На првата средба во Скандинавија загубивме од „викинзите“ со 5-2. 

Read More

Ракометарите на Вардар загубија на теренот на Партизан со 28:22 и со две победи и два пораза ја завршија групната фаза во СЕХА лигата. На мечот во Белград домаќинот беше подобар противник речиси сите 60 минути и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Кај „црно-белите“ одличен на голот беше Трнавац кој забележа дури 20 одбрани додека Зечевиќ и Петриќ, постигнаа по осум голови. Кај вардарци единствена светла точка беше Талевски со девет погодоци. Вардар останува лидер со 4 бодови пред Партизан и Татран Прешов кои имаат по една победа и еден пораз и допрва ќе се сретнат два пати во…

Read More

Фудбалерот на Наполи, Квиша Кварацелија, кој има блескава сезона, влегува во радарот на англиските состави Манчестер Сити и Њукасл, објави новинарот на „CBS Sports“ – Бен Џејкобс, во неговата последна колумна. Интернационалецот од Грузија се уште не размислува да ја промени средината иако дел од гигантите сакаат да дојдат до неговиот потпис. Се очeкува италијанскиот тим за слободата на Каварацелија да бара повеќе од 100 милиони евра. – Нема сомневање дека ќе има многу опции на лето. Но, Наполи е совршен клуб за Кварацелија во моментов“, напиша Џејкобс.

Read More

Првиот човек на фудбалскиот состав Монца, Силвио Берлускони, сака да продаде дел од акциите за да донесе „свеж“ капитал и да ги покрие зголемените трошоци со играњето во Серија „А“. Тој бара инвеститори кои ќе му помогнат на семејниот холдинг –  „Фининвест“ во покривање на растечките трошоци потребни за поддршка на Монца. Поранешниот италијански премиер го презеде клубот 2018 година кога играше во третолигашката конкуренција.

Read More

37-годишниот полски фудбалски интернационалец, Лукаш Фабијански, заработи потешка повреда на лицето и ќе мора да паузира извесен период, потврди менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс. Тоа значи дека англискиот состав кој се бори грчевито за опстанок во Премиер-лигата, остана без стандардниот голман. „Тој има скршена коска под окото. Во моментов не знаеме сосема дали ќе има операција или дали ќе заздрави без интервенција“ – изјави менаџерот Мојс пред утрешниот натпревар со Манчестер Јунајтед од петтото коло во ФА Купот.

Read More