Ракометарите на Вардар загубија на теренот на Партизан со 28:22 и со две победи и два пораза ја завршија групната фаза во СЕХА лигата.
На мечот во Белград домаќинот беше подобар противник речиси сите 60 минути и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Кај „црно-белите“ одличен на голот беше Трнавац кој забележа дури 20 одбрани додека Зечевиќ и Петриќ, постигнаа по осум голови. Кај вардарци единствена светла точка беше Талевски со девет погодоци.
Вардар останува лидер со 4 бодови пред Партизан и Татран Прешов кои имаат по една победа и еден пораз и допрва ќе се сретнат два пати во групата – „Б“.