Author: dino

Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед по речиси шест години или гледано од мај 2017 година, стигна до 68-от трофеј во клупската ризница. „Црвените ѓаволи“ денеска го совладаа Њускал и по шести пат го подигнаа пехарот во Лига-купот на Англија. На мечот одигран на легендарниот стадион –  „Вембли“,  првиот гол беше дело на Касемиро додека вториот беше автогол на Ботман. Тимот од стадионот – „Олд Трафорд“ последен пат се израдува на трофеј во 2017 година кога победи во Лига Купот на Англија и во Лига Европа. Тогаш тренер беше Жозе Мурињо.

Read More

Италијанската скијачка, Софија Гоџа, триумфираше на спустот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, со што направи исчекор кон кристалниот глобус во најбрзата дисциплин. Таа ја помина патеката со време од 1:26.81 минута. Второто место го освои нејзината сонародничка, Федерика Брињоне додека Французината Лаура Гаш изненадувачки го пополни третото место на подиумот. Гоџа е лидер во спуст на две трки до крајот на сезоната и има реални шанси да го освои малиот кристален глобус.

Read More

Себастијан Фетел иако се повлече од Формула 1, може да седне во болидот на Астон Мартин на стартот на новиот шампионат откако Ленс Строл го пропушти тестирањето во Бахреин поради повреда заработена по падот од велосипед. Шефот на тимот, Мајк Крек, не сакаше да даде директен одговор дали Фетел ќе добие неочекувана шанса да се врати на патеката. „Мислам дека Себастијан имаше детален план за пензионирање. Меѓутоа, да видиме што ќе се случи до наредниот викенд“ – изјави Крек.

Read More

Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој во текот на измиматото лето се пресели до Шпанија во Англија, вели дека фудбалот на Островот е далеку подинамичен и поинтересен од тој што се игра на Пиринеите. Играчот на Манчестер Јунајтед кој пред да дојде на „Олд Трафорд“ освои многу трофеи со Реал Мадрид, нагласи дека тоа сака да го направи и со „црвените ѓаволи“ во еден од најтешките шампионати на светов. „Не сакам да ја потценувам Ла Лига но, во Англија натпреварите се подинамични. Топката брзо се менува во посед на противниците“ – потенцираше Касемиро.

Read More

Полицијата во Шпанија објави дека шест лица се приведени под сомнение дека биле дел од договорен меч од Копа дел Реј. Станува збор за натпреварот меѓу нисколигашот Хуракан Мелија и Леванте одигран на 2 декември 2021 година кој заврши со победа на гостите од 8:0. Истрагата беше покрената по сомнителните влогови на интернет и во обложувалниците во Мелија.

Read More

Атлетичарот, Фердинанд Омањала, кој ги освои титулите на патеката од 100 метри на Игрите на Комонвелтот и на шампионатот на Африка, одлично ја започна сезоната. Тој на митингот во неговата татковина Кенија, успеа да ја претрча патеката за 9,86 секунди. Црномурестиот спринтер кој неодамна го победи олимпискиот шампион, Марсел Џејкоб, изјави дека сака да стане светски шампион.  Светското првенство во Будимпешта ќе биде реализирано годинава во периодот од 19 до 27 август.

Read More

Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, го забележа најбрзото време од почетокот на тестирањата во Бахреин. Тој во утринската сесија го реализираше најбрзиот круг на патеката со време од 1:31.024 минути. Втор резултат обезбеди возачот на Мерцедес, Џорџ Расел додека тест-возачот на Астон Мартин, Фелипе Друговиќ, успеа да ја затвори првата тројка. Последната тест-сесија пред почетокот на сезоната ќе се реализира денеска во попладневниве часови а на патеката ќе бидат активни: Карлос Саинц (Мерцедес), Луис Хамилтон (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Естебан Окон (Алпин), Кевин Магнусен (Хаас), Ландо Норис (Мекларен) и Јуки Цунода (Алфа).

Read More

Поранешната ѕвезда на фудбалските состави Манчестер Сити и Барселона, Кун Агуеро, се обиде да прогонозира што ќе направи Лео Меси откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Тие се одлични пријатели и поранешни соиграчи во репрезентацијата на Аргентина. „Меси сериозно ја разгледува опцијата да заигра за Њуелс“ – открил поранешниот голгетер на „гаучосите“. Меси кој според сите проценки ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во 2022 година, има да одработи уште неколку месеци од договорот со Французите. 

Read More

Ливерпул и Евертон заработија парични казни од Фудбалската Асоцијација на Англија поради инцидентите меѓу фудбалерите на градското дерби одиграно на 13 февруари. Тогаш во финишот на мечот, играчот на „црвените“ Ендру Робертсон и голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, ја запалија искрата а во мешаницата се клучија повеќе играчи од двата табора. ФА по тие збиднувања се определи да го казни Евертон со 40.000 фунти а Ливерпул со 25.000. „Карамелите“ претходно беа предупредени за неспортско однесување на натпреварот против Кристал Палас.

Read More

Нашиот кошаркарски репрезентативец, Адем Мекиќ, очекува победа на денешното гостување во Словачка во претпоследното коло во претквалификациите за место на Европското првенство. „Можеме да го повториме резултатот од Скопје. На ова гостување дојдовме со улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза“- потенцираше Мекиќ. Македонија е лидер на табелата со максимален ефект од четири победи. По денешниот дуел со Словачка, избраниците на Јoнчевски ќе заминат за Скандинавија. Таму в сабота ги очекува средбата со Норвешка.

Read More