Себастијан Фетел иако се повлече од Формула 1, може да седне во болидот на Астон Мартин на стартот на новиот шампионат откако Ленс Строл го пропушти тестирањето во Бахреин поради повреда заработена по падот од велосипед.
Шефот на тимот, Мајк Крек, не сакаше да даде директен одговор дали Фетел ќе добие неочекувана шанса да се врати на патеката.
„Мислам дека Себастијан имаше детален план за пензионирање. Меѓутоа, да видиме што ќе се случи до наредниот викенд“ – изјави Крек.