Луѓето од Тотенхем соочени со серијата на грешки на голманот Уго Лорис, планираат во догледно време да пронајдат негова замена.Затоа популарните „спарси“, наводно ќе се насочат кон голманот на Интер, Андре Онана. Италијанскиот тим се соочува со големи финансиски проблеми и нема да биде изненадување ако во текот на летото се ослободи од дел од фудбалерите. Интернационалецот од Камерун пред да се пресели во Италија бранеше за Барселона и за Ајакс.
Author: dino
Селекторот на нашите кошаркари, Александар Јончевски, го објави списокот за последните два меча од претквалификациите за ЕП 2025. На истиот фигурираат: 1. Бобан Стајиќ – Пелистер2. Кристијан Николов – „Torku Konyaspor B.K“. 3. Андреј Магдевски – „Donar Groningen“4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром6. Адем Мекиќ – „BC Timisoara“7. Андреј Јакимовски – „NCAA Washington State University“8. Филип Бакоч – Работнички9. Виктор Ефремовски – Гостивар10. Ненад Димитријевиќ – „UNICS Kazan“11. Андреј Шошкиќ – Работнички12. Андреј Митревски – Феникс 201013. Виктор Ташовски – ТФТ „Mozzart“14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром15. Ти Џеј Шортс – „Telekom Baskets Bonn“16. Теодор Симиќ – „Igokea“17.…
Нашиот скијач, Мирко Лазарески, не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство кое се одржува во Франција. Тој направи минимална грешка на стартот и мораше да се повлече од патеката. Другите македонски претставници Јаков Добрески, Борјан Стрезоски и Виктор Петков не ги поминаа вчерашните квалификации. На светскиот шампионат во Алпско скијање до крајот остануваат уште слаломските трки во машка и женска конкуренција. Тие ќе бидат реалзлзирани во текот на викендот
Атлетичарот, Фердинанд Омањала, кој беше најбрз на трката на 100 метри на Игрите на Комонвелтот, се наметнува како главен кандидат за светската титула. Тој двапати го собори сопствениот национален рекорд на 60 метри во сала во Франција кога успеа да го победи олимпискиот шампион на 100 метри и светски шампион на 60 метри, Марсел Џејкобс. Омањала верува дека може да оди по златото на Светското првенство во Будимпешта од 19 до 27 август. „ Светскиот шампион во Будимпешта годинава ќе биде Кениец“ – изјави Омањала.
Илкај Гундоган во текот на летото како слободен фудбалер ќе го напушти Манчестер Сити. Затоа неговите агенти водат интензивни преговори со луѓето од Барселона кои сакаат да го ангажираат 32-годишниот Германец. Гундоган во 2016 година ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели на – „Етихад“. Тој за „граѓаните“ има 284 настапи, 52 гола и 36 асистенции. Гундоган освои 4 титули во Англија, еден пехар во ФА купот и 4 во Лига купот.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, се наоѓа на радарот на Реал Мадрид, најавија медиумите во Англија и Шпанија. Португалецот неодамна го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ за нови 12 месеци но, нема загарантирано место во првата постава. Паралелно, тренерот Тен Хаг, најави дека сака да ангажира нов играч на позицијата десен бек. Токму таа ситуација сака да ја искористи шпанскиот состав. Трансферната сума за Далот е околу 50 милиони евра.
Зинедин Зидан стана амбасадор на Формула 1 тимот Алпин. Легендата на францускиот фудбал се појави на презентацијата на болидот за сезоната 2023-та во кој ќе бидат Естебан Окон и Пјер Гасли. Прославениот фудбалер и тренер, го водеше Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Французинот со „кралевите“ освои две титули во Шпанија и три во Лигата на шампионите.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, не е задоволен по вчерашното реми 2:2 на гостувањето кај Барселона во првиот меч од фазата на елиминации во Лигата на Европа. „Во најголемиот дел ја контролиравме играта и направивме шанси. Мислам дека имаше чист фаул над Рашфорд. Не знам дали беше надвор или внатре и дали беше за црвен картон. Тоа е момент кој може да го реши двомечот“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“. Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран по една недела на стадионот – „Олд Трафорд“.
Младиот фудбалер на Наполи, Џакомо Распадори, кој настапува као позајмен од Сасуол, вели дека многу научил од досегашната работа со тренерот, Лучано Спалеи. „ Учеството во Лигата на шампионите, интензивните тренинзи, притисокот. Досега сите резултати ги постигнав со работа и амбиција“ – вели Рспадори. „Сега Спалети ми ја пренесува неговата фудбалска филозофија“ – вели 22-годишниот репрезентативец на Италија.
Италијанските медиуми пренесоа дека фудбалерот, Пол Погба, веројатно во почетокот на месец март ќе може да се врати на теренот и да влезе во записникот. Тоа на некој начин го потврди и тренерот на „старата дама“, Макс Алегри, кој најави дека Французинот набрзо ќе биде во натпреварувачки ритам. Екипата од Торино на 28 овој месец ја чека мечот со Торино додека на 5 март ќе игра во дербито со Рома.
