Атлетичарот, Фердинанд Омањала, кој беше најбрз на трката на 100 метри на Игрите на Комонвелтот, се наметнува како главен кандидат за светската титула.
Тој двапати го собори сопствениот национален рекорд на 60 метри во сала во Франција кога успеа да го победи олимпискиот шампион на 100 метри и светски шампион на 60 метри, Марсел Џејкобс. Омањала верува дека може да оди по златото на Светското првенство во Будимпешта од 19 до 27 август.
„ Светскиот шампион во Будимпешта годинава ќе биде Кениец“ – изјави Омањала.