Легендата на Арсенал, Тијери Анри, по вчерашниот пораз на „топчиите“ на домашен терен од Манчестер Сити, апелира сите во клубот да останат мирни. „Вие загубивте против одличен тим. Чувајте ја својата смиреност, изгубивте, ама тоа не значи дека сега се мора да оди во корпа“ – вели поранешниот играч на лондончани. „Одете сега и победете на теренот на Астон Вила. Одговорете на наредните предизвици“ – беа зборовите на Анри.
Author: dino
Алкалоид потпиша соработка со Македонската таеквондо федерација која во изминатиот период бележи големи успеси „ Среќен сум кога ќе видам посветени луѓе кои ја претставуваат Македонија како амбасадори на високо ниво. Ние помогнавме да се реализира ваучерот за време на Ковид. Навистина е голема радост тоа што го направи Дејан на Олимпијадата“ – изјави генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов. Борче Костовски, претседател на таеквондо федерацијата упати благодарност со Мукаетов и го посочи како човек кој со широко срце му помага на македонскиот спорт. „Мило ми е што сме тука да потврдиме дека македонското таекводно е сериозна приказна која се…
Доцна вечер од 21.00 часот не чекаат нови два меча во фазата на елиминации во елитата на Европа. Борусија Дортмунд ќе го пречека составот на Челзи. За германскиот тим треба да играат: Кобел; Рајерсон, Суле, Шлотербек, Гереиро; Озџан, Белингем; Адејеми, Ројс, Брант и Халер. За Челзи: Кепа; Џејмс, Силва, Чалоба, Кукурела, Фернандез, Ковачиќ, Жоао Феликс, Маунт, Мудрик и Хаверц. Бриж ќе биде домаќин на Бенфика. За белгискиот тим треба да започнат: Мињоле; Мата, Хендри, Мечеле, Мејер; Риц, Онидика, Ванакен; Букенан, Јаремчук и Ланг. За тимот од Португалија се очекуваат : Влаходимос; Бах, Антонио Силва, Отаменди, Грималдо; Чикињо, Флорентино; Жоао Марио,…
Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, не крие дека е среќен по вчерашната минимална победа против Тотенхем со 1-0 во првиот меч на стартот на елиминациската фаза во Лигата на шампионите. „Росонерите“ на стадионот – „Сан Сиро“ беа многу подобар противник и пропуштија неколку шанси да слават и поубедливо. Единствениот гол беше дело на Брахим Диаз. „Одигравме одговорно и тимски. На дело ја видов нашата работа. Можевме да постигнеме уште некој гол“ – вели Пиоли.
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, по вчерашниот пораз на домашен терен од Баерн Минхен со 1-0 во првиот меч од осмина-финалето во Лигата на шампионите, не губи надеж дека неговиот тим може да оди понатаму. Реваншот меѓу германскиот и францускиот состав ќе биде одигран на „Алијанц Арената“ а брзоногиот фудбалер верува дека тогаш неговиот тим ќе го покаже вистинскиот квалитет. „По деведесет минути имаме негатива. Треба да се вратиме на потребното ниво за реваншот“ – потенцираше Мбапе.
Голманот, Јан Зомер, кој имаше добри интервенции на вчерашниот меч со ПСЖ одигран во фазата на елиминации во Лигата на шампионите, вели дека неговиот Берн Минхен одиграл одлично и дека победата од 1-0 е сосема заслужена. Германскиот состав со голот на Коман успеа да си обезбеди предност за реваншот во Германија кој ќе биде одигран на 8 март. „Одлично се браневме и имавме контрола на играта во првото полувреме. Наша цел е да се пласираме во четврт-финалето иако знаеме дека реваншот нема да биде лесен“ – вели интернационалецот од Швајцарија.
Напаѓачот на Баерн Минхен, Ерик Максим Чупо-Мотинг, денеска ќе се соочи со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен. Станува збор за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Баварците и Парижаните се сретнаа во финалето во 2020 година а Баерн го победи тимот во кој играше Чупо-Мотинг. „Играњето во финалето е посебно. За жал, загубивме. Сè уште боли. Ги познавам момчињата и со нетрпение чекам повторно да ги видам. Нè очекува голема битка“ – вели интернационалецот од Камерун.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, не го интересираат најавите дека ПСЖ нема да биде комплетен на денешниот меч во Лигата на шампионите. Тука се мисли на шпекулациите дали рековалесцентниот Килијан Мбапе ќе се појави на теренот иако претходно пропушти неколку мечеви. „Тие имаат многу ѕвезди. Меси е светски шампион. Имам голема доверба во нашиот тим. Имаме почит кон ПСЖ но, не и страв“ – вели спортскиот директор на германскиот тим.
Англиските медиуми пишуваат дека Ерлинг Халанд ќе биде првиот фудбалер што ќе си замине од Манчестер Сити доколку клубот биде казнет со одземање на бодови или со исфрлање од Премиер лигата. „Атлетик“ тврди дека заедно со норвешкиот голгетер ќе си замине и менаџерот Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ и претходно беа казнети парично за прекршување на финансискиот фер-плеј. Тогаш Гвардиола се закани дека ќе си замине ако биде откриено дека правеле финансиски малверзации.
Фудбалерот на Лацио, Луис Алберто, доби две понуди да се врати во првенството на Шпанија но, реши да остане во најмала рака до крајот на сезоната во Серија „А“. „Не сакам на лош начин да си заминам од Лацио. Прво ќе разговарам со претседателот, со спортскиот директор и со тренерот. До последниот ден ќе дадам се за Лацио“ – вели Алберто. Во Сeрија „А“ има само четири тима кои играат европски фудбал. Наполи, Лацио, Сасуоло и Фиорентина “ – кажа како размислува Алберто.
