Author: dino

Напаѓачот, Николо Заниоло, прифатил да ја напушти Рома и да замине во Галатасарај. Двата клуба се во финални преговори за сума од околу 22 милиони евра без бонуси. Фудбалерот кој одби да го продолжи договорот со „римската волчица“ и беше избришан од списокот на тренерот Мурињо, сега нема друга опција и затоа се согласил да замине во шампионатот на Турција. Медиумите тврдат дека неговата  годишна плата ќе биде околу 4 милиони евра.

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се наоѓа на 504-то место на новата АТП листа. Тој за само една седмица напредуваше дури 30 позиции. Ивановски во изминатите 15-на дена настапи на два турнира во Монастир – Тунис. На првиот стигна до финалето а на вториот до последниот елиминациски филтер пред решавачкиот меч за пехарот. На врвот на АТП нема промени. Новак Ѓоковиќ останува лидер пред Карлос Алкараз и Стефанос Циципас.

Read More

Челниците на Манчестер Јунајтед планираат во текот на летото да се ослободат од шест фудбалери кои прескапо го чинеа гигантот од – „Олд Трафорд“. Прв на листата е англискиот репрезентативец, Хари Мегваер, кој е најскапиот дефанзивец што го купиле „црвените ѓаволи“. За него му платија 87 милиони евра на Лестер. На излезната врата се Скот Мектомини и Дони Ван де Бек. Дозвола за заминување ќе добие Французинот, Ентони Марсијал, како и Алеш Телеш и Ерик Баи кои сега се позајмени во други екипи.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити вчера загубија кај Тотенхем во 22 коло во Премиер-лигата по што заостануваат 5 бодови зад лидерот Арсенал. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, иако има уште многу натпревари до крајот на сезоната, вели дека не сака да размислува за титулата. „Тотенхем има фантастичен тим, кој секогаш може да те казни. Имаат многу квалитетни играчи во нападот“ – вели Гвардиола

Read More

Медиумите во САД најавуваат голем трансфер на Кевин Дуран од Бруклин во екипата на Феникс. Еден од најдобрите играчи во НБА по заминувањето на Кајри Ирвинг во составот на Далас, проценил, дека Бруклин не може да биде конурентен за титулата и затоа побарал да биде трејдуван во тимот на „сонцата“. Единствен проблем за таков трансфер може да бидат годишните примања на Дурент кои достигнуваат до 48 милиони долари.

Read More
NBA

Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, кој заработи повреда на левета нога денеска ќе оди на дополнителни лекарски прегледи. Според најавите, првата ѕвезда на „вориорс“ може да паузира дури до мај и да ги прескокне плеј-оф натпреварите во најсилната светска лига. Неговиот тим има одиграно 54 мечеви со ефект од 28 победи и 26 порази и се наоѓа на  осмото место во Западната конференција во НБА лигата.

Read More

Луис Кампос кој е дел до раководните гарнитури на ПСЖ, објасни дека францускиот тим сака да го задржи Лео Меси кој го одработува последниот дел од договорот. „Во моментот, ние сме во преговори со Меси за продолжување на соработката. Сакаме да го имаме во нашиот проект“ – вели Кампос. Аргентинецот по доаѓањето на „Паркот на принцовите“ одигра 57 мечеви со ефект од  26 голови и 28 асистенции.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, се соочува со сериозни проблеми во ростерот пред денешното гостување кај Мајорка во тековното коло во Примера Дивизион. „Кралевите“ ќе ги немаат повредените Карим Бензема и Едер Милитао а меѓу резервите остана и Лука Модриќ. На клупата пак, ќе биде Давид Алаба кој исто така се опоравуваше од повреда. Мечот ќе започне во 14 часот а Реал Мадрид ќе стартува со Куртоа, Карвахал, Начо, Рудигер, Камавинга, Чуамени, Себаљос, Валверде, Асенсио, Винисиус и Родриго.

Read More

Себастијан Фетел кој има четири титули во Формула 1, не се согласува со одлуката на ФИА да им забрани на возачите да зборуваат на политички и религиозни теми. „Тоа се навистина глупости. Секогаш треба да се зборува за одредени теми. Мислам дека возачите мора да реагираат“- вели Фетел. Новиот шампионат во така наречениот – „циркус на тркала“, ќе започне на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.

Read More

Кристијано Роналдо кој неодамна направи трансфер во Саудиска Арабија, вели дека нема намера да се враќа во фудбалска Европа и дека сака да соборува рекорди во тамошниот шампионат. „Кариерата веројатно ќе ја завршам на 40 години. Во Европа ги срушив сите рекорди, сега сакам тука да рушам рекорди“ – изјави Португалецот. Роналдо кој потпиша договор за две и половина години ќе заработи околу 500 милиони евра.

Read More