Себастијан Фетел кој има четири титули во Формула 1, не се согласува со одлуката на ФИА да им забрани на возачите да зборуваат на политички и религиозни теми.
„Тоа се навистина глупости. Секогаш треба да се зборува за одредени теми. Мислам дека возачите мора да реагираат“- вели Фетел.
Новиот шампионат во така наречениот – „циркус на тркала“, ќе започне на 5 март со трката за Големата награда на Бахреин.