Author: dino

Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто, не крие дека е задоволен од трансферот на италијанскиот интернационалец, Никола Заниоло. Младиот фудбалер по многу перипетии на крајот заврши во турнскиот Галатасарај бидејќи не сакаше да замине во Борнмаут и воедно не сакаше да го продолжи договорот со „волчицата“.  „Борнмаут и Галатасарај дојдоа со понуди. На крајот, задоволен сум иако можевме да поминеме и подобро“ –  рече Пинто.

Read More

Фудбалерот, Кристијано Роналдо, постигна четири голови во победата на неговиот Ал Наср против Ал Вехда во осминафиналето во првенството на Саудиска Арабија. Португалецот кој постигнато 503 гола во првенствените мечеви веднаш се огласи на социјалните мрежи. -Беше одлично чувството да се постигнат четири голови во многу убедлива победа за тимот – напиша Роналдо и собра повеќе од 9,5 милиони „лајкови“

Read More

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, се откажува од контрола на Формула 1. Поранешниот рели-возач тоа го нагласи во специјално писмо испратено до 10-те екипи учесници во светскиот шампионат.  Тој ќе остане на чело на ФИА а со Формула 1 сега ќе управува Никола Томбазис, директорот на ФИА. „Претходно најавив дека целта ми е да бидам претседател без извршни функции а по формирањето на тим од професионални менаџери, целта е речиси исполнета“ – изјави Бин Сулејем.

Read More

Организаторите на Тур Д’Франс објавија дека познатата велосипедска трка во 2024 година за првпат ќе стартува од Италија. Минатата година започна од Данска а сега стартува во Шпанија (Билбао). Трката во 2024 година ќе биде во чест на Отавио Ботекио, кој пред сто години стана првиот Италијанец кој победил на Тур Д’Франс. Натпреварувањето ќе започне на 29 јуни во 2024 година. Италијанскиот дел ќе има три етапи а последната ќе биде возена од Пјаченца до Торино.

Read More

Рафаел Бенитез, поранешниот менаџер на Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, Њукасл и Евертон, е меѓу потенцијалните кандидати за нов менаџер на Лидс. 62-годишниот Шпанец реално гледано, има биографија со која може да се пофали. Тој ја освои Лигата на шампионите на чело на Ливерпул и Лигата на Европа со Челзи. Медиумите пишуваат дека за тренерската позиција во Лидс може да конкурираат и Карлос Корберан и Ентони Ираола.

Read More

Капитенот на фудбалскиот тим Тотенхем, Уго Лорис кој се повреди на дербито со Манчестер Сити во текот на викендот, ќе паузира  од 6 до 8 недели. Иако првично имаше стравувања дека Лорис нема да игра до крајот на сезоната,  луѓето од клубот се надеваат дека тој ќе се врати за околу два месеца. Според проценките, искусниот чувар на мрежата нема да мора да оди на операција. „Спарси“ се во конкуренција за место во топ 4 во Премиер-лигата а набрзо ги очекува осминафиналето во Лигата на шампионите против Милан.

Read More

Новинарот Фабрицио Романо, објави дека луѓето од Интер ја активирале откупната клаузула на играчот од средниот ред, Кристијан Аслани.   20-годишниот фудбалер кој игра како позјамен од составот на Емполи, очигледно ги задоволи вкусовите на „нероаѕурите“ и затоа ќе добие понуда за перманентен договор. Екипата од Милано за неговиот потпис ќе му плати на Емполи скромни 10 милиони евра. Албанскиот интернационалец во сезонава се појави на 20 мечеви во сите конкуренции.

Read More

Легендарниот шпански фудбалер, Раул Гонзалес Бланко, кој работи како тренер во вториот тим на Реал Мадрид, добил понуда од премиер-лигашот Лидс да се пресели во Англија. Според дел од медиумите, тој ја одбил понудата со објаснување дека сега не е добро време. Неговиот тим Кастилја кој има 42 бода и се наоѓа на 2 место на табелата, се бори за влез во елитата на Шпанија.

Read More

Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Тотенхем и другите екипи од Премиер конкуренцијата, проценуваат, дека  Манчестер Сити треба да биде строго казнет ако се докаже неговата вина за прекршување на финансиските правила. Екипите барат „граѓаните“  да бидат исфрлен од лигата но, да ги задржат титулите.  „Ако работите се докажат, мора да има вистинска казна. Добра опција е тие да бидат исфрлени од лигата. Зборувме за цела деценија на криминал“ – вели еден анонимен шеф на клуб за весникот – „Сан“.

Read More

Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, вели дека неговите избраници се подготвени за утрешниот меч на теренот на Архус во рамките на  ЕХФ Европската лига. „Последните два дена работиме со добар ритам. Видливо беше дека ни недостигаше такво темпо на претходните два меча. Патуваме во Данска со подигната глава, сакаме да одиграме добро и да донесеме бодови“ – вели Валтер. Првиот меч во рамките од групата „Д“ одигран во Битола заврши со победа на данскиот тим.

Read More