Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, се откажува од контрола на Формула 1. Поранешниот рели-возач тоа го нагласи во специјално писмо испратено до 10-те екипи учесници во светскиот шампионат.
Тој ќе остане на чело на ФИА а со Формула 1 сега ќе управува Никола Томбазис, директорот на ФИА.
„Претходно најавив дека целта ми е да бидам претседател без извршни функции а по формирањето на тим од професионални менаџери, целта е речиси исполнета“ – изјави Бин Сулејем.