Организаторите на Тур Д’Франс објавија дека познатата велосипедска трка во 2024 година за првпат ќе стартува од Италија.
Минатата година започна од Данска а сега стартува во Шпанија (Билбао). Трката во 2024 година ќе биде во чест на Отавио Ботекио, кој пред сто години стана првиот Италијанец кој победил на Тур Д’Франс.
Натпреварувањето ќе започне на 29 јуни во 2024 година. Италијанскиот дел ќе има три етапи а последната ќе биде возена од Пјаченца до Торино.