Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари, кој заработи повреда на левета нога денеска ќе оди на дополнителни лекарски прегледи.
Според најавите, првата ѕвезда на „вориорс“ може да паузира дури до мај и да ги прескокне плеј-оф натпреварите во најсилната светска лига.
Неговиот тим има одиграно 54 мечеви со ефект од 28 победи и 26 порази и се наоѓа на осмото место во Западната конференција во НБА лигата.