Author: dino

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед во последниот ден од преодниот рок успеаја да го земат Марсел Сабицер од Баерн Минхен како замена за Кристијан Ериксен кој ќе мора да паузира подолг период. Според медиумите во Англија, „црвените ѓаволи“ првично сакале да дојдат до услугите на поранешниот играч на Реал Мадрид Иско или  Вард од Лион но, не успеале во намерата. „Скај Спортс“ додава дека тренерот Тен Хаг сакал да купи уште еден играч на Баварците,  Рајан Гравенберг, кој минатото лето се пресели на „Алијанц Арена“.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик,  ќе биде под истрага на ФА поради клипот во јули 2022 година во кој ги цитира стиховите на песната „Слободен стил“ во кои го има зборот – „црнец“, кој ФА го оквалификува како неприфатлив. Споменатиот клип на Мудрик беше прегледан 214.000 пати пред да го симне. Поранешниот играч на Шахтјор (Доњецк) дури се извини што го употребил дотичниот збор. Украинецот беше критикуван и од групата – „Kick It Out“ која се бори против расизмот во фудбалот.

Read More
NBA

Најдобриот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ, во текот на ноќта постигна 51 кош на мечот со Детроит. За интернационалецот од Словенија тоа беше петтиот натпревар на кој броеше најмалку до 50 поени со што стана третиот во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони. Рекордот го држи легендарниот Мајкл Џордан со 17 мечеви додека Дончиќ и Леброн Џејмс го делат второто место со пет.

Read More

Американскиот интернационалец, Вестон Мекени, е нов играч на Лидс. Тој пристигна на Еланд Роуд како позајмен од Јувентус а во договорот има опција за откуп за 33 милиони евра плус бонуси. Меккени во 2021 година го напушти германскиот Шалке и се пресели кај „старата дама“ за 20,5 милиони евра. Брзоногиот фудбалер во сезонава одигра 21 меч и постигна 3 гола.

Read More

Фудбалскиот репрезентативец на Иран, Сердар Азмун, веројатно ќе го напушти Баер и ќе се пресели во првенството на Франција. За неговите услуги е заинтересиран Олимпик Марсеј кој понуди 10 милиони евра плус бонуси. Германските медиуми тврдат дека луѓето од Леверкузен  ќе ја прифатат понудата бидејќи Азмун не влегува во долгорочните планови на стручниот штаб. 28-годишниот напаѓач во тековнава сезона одигра 10 натпревари во Бундеслигата но, не успеа да постигне гол.

Read More

Екипата на Бурнмаут успеа да ја добие трката со Астон Вила за потписот на дефанзивецот на Динамо Киев, Илја Забарни. Според наводите, централниот бек денеска треба да  пристигне во Англија за да ги направи лекарските прегледи и да го потпише договорот. Забарни во сезонава има одиграно 25 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Челниците на Тотенхем успешно ги завршија преговорите за ангажман на фудбалерот на  Спортинг (Лисабон), Педро Поро. Дефанзивецот ќе потпише за „спарси“  до 2028 година за 45 милиони евра. Шпанецот денеска ќе пристигне во Лондон да ги помине задолжителните  медицински прегледи по што трансферот ќе биде официјално објавен. Десниот бек во тековнава сезона има одиграно 26 натпревари со ефект од 3 гола и 11 асистенции.

Read More

Шведскиот фудбалски интернационалец, Амин Сар, го напушти тимот на Херенвен и за 11 милиони евра се пресели во францускиот состав Олимпик Лион. Тој потпиша договор до летото во 2027 година. „Тоа е еден од најголемите тимови во Франција. Се надевам дека ќе можам да му помогнам да ги постигне целите“ – изјави Сар на официјалната промоција. Тој во тековнава сезона во холандскиот шампионат одигра 19 средби и постигна пет голови.

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, кој се повреди на вчерашниот меч со Монца во Серија „А“, ќе мора да паузира најмалку месец и половина. Лекарските прегледи потврдија дека има повреда на мускулот на левата нога, пишуваат денеска италијанските медиуми. Тоа ќе биде проблем за Масимилијамо Алегри кој во континуитет не може да ги користи најдобрите. Ќе потсетиме дека Душан Влаховиќ по подолг период дури вчера се врати на теренот додека Пол Погба и натаму е надвор од стројот.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Евертон испратиле понуда до Челзи за играчот од средниот ред, Конор Галагер. „Карамелите“ нудат 40 милиони фунти и уште 5 во вид на разни бонуси. 22-годишниот играч од среднито ред главно ја грее клупата кај „сините“ и нема да биде изненадување доколку го напушти тимот.  Галагер кој беше позајмуван во Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, за селекцијата на Англија има одиграно четири средби.

Read More