Левиот бек на Шпанија, Данил Душебаев, крајно мотивиран го очекува денешниот меч со Данска во последниот елиминациски филтер пред големото финале на ракометниот Мундијал во Послка и Шведска. „Знаеме дека тие се неверојатен тим. Можам да кажам дека Норвешка го има Сандер Сагосен а Данска го има (Микел) Хансен. Зад него се играчи на врвно ниво како (Никлас) Ландин, (Матијас) Гидсел, (Сајмон) Питлик, – дури и нивните резерви се неверојатни“ – вели 25-годишниот играч. „Ние сме тим кој се бори 60 минути или дури 80. Мораме да бидеме сконцентрирани и да се обидеме да ги намалиме грешките. Не смееме да…
Author: dino
„Тоа се две селекции кои одлично си одговараат“ – изјави селекторот на Данска, Николај Јакобсен, в пресрет на денешниот меч со Шпанија за место во големото финале на Светското првенство во Полска и Шведска. „Ќе биде многу добар и возбудлив натпревар. Шпанија беше во ваква ситуација многу пати досега“ – вели Јакобсен. „Двете селекции ги имаат едни од најдобрите голмани во светот ( Варгас и Ландин) а тоа би можело да одлучи на крајот кој од нив ќе има победнички ден” – потенцираше селекторот на Скандинавците.
Голманот на Шпанија, Гонзало Перез де Варгас, вели дека се чувствува физички и психички истрошен пред денешниот меч во полу-финалето со селекцијата на Данска на СП во Полска и Шведска. „Не би можел да бидам погорд на мојот тим со тоа што го направивме 80 минути. Се боревме против еден од најдобрите тимови во светот со многу подеми и падови. Дури и да загубивме, ќе бев толку многу горд на овие момци. Неверојатно е да се биде тука и повторно да се биде во полуфиналето“ – потенцираше Варгас по триумфот против Норвешка во 1 / 4 финалето на СП. Голмaнот…
Селекциите на Шведска и Франција доцна вечер од 21.00 часот во Теле2 Арената во Стокхолм ќе го одиграат второто полу-финале на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска. Домаќините ќе имаа голема поддршка од трибините и улога на фаворити. „Триколорите“ ќе се обидат да се реваншираат за поразот во истата фаза од пред две години на собирот во Египет. „Викинзите“ ќе бидат без капитенот, Џим Готфридсон, кој заработи скршеница на раката во четвртфиналето.
Данскиот ракометар, Емил Јакобсен, пред денешниот меч со Шпанија во полу-финалето на Мундијалот во Полска и Шведска, вели дека неговата селекција е подготвена да испише нова историја. „Ние сме во полуфинале на светско првенство и тоа е неверојатно. Јас сум како мало момче, многу сум возбуден и едвај чекам да го одиграме натпреварот. Затоа играме ракомет за сите големи мечеви, полуфинале, финале и титулите. Мораме да играме добро посебно во одбраната“ – вели Јакобсен. Играчот на Фленсбург е еден од најдобрите во неговата селекција на СП со 23 постигнати гола.
Првото полуфинале на СП денеска ќе го одиграат Данска и Шпанија. Натпреварот ќе се одигра во ЕРГО Арената во Гдањск попладне во 18:00 часот. Данците откако во четврт-финалето славеа победа против Унгарија поставија нов рекорд на Светските шампионати. Тие се без пораз на 26 средби по ред со ефект од 24 победи и две нерешени. Скандинавците доколку ја освојат титулата на собирот во Полска и Шведска, ќе станат првиот тим во историјата кој три пати по ред се искачил на светскиот ракометен врв.
Челниците на Ванкувер ја продолжија соработката со рускиот напаѓач, Андреј Кузменко, кој е еден од најдобрите во Националната хокејарска лига на САД и Канада. Соработката е за наредните две години а просечната годишна плата на Русинот ќе му биде околу 5,5 милиони долари. 26-ет годишниот играч се пресели во Ванкувер од СКА Петербург во јуни во 2022 година. Тој во сезонава во НХЛ одигра 47 натпревари постигнувајќи 43 поени (21 гол + 22 асистенции).
Милан ќе се откаже од ангажман на фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, откако во трката се вмеша премиер-лигашот Бурнмаут, објавија дел од медиумите во Италија. „Росонерите“ сакаа да го земат на позајмица италијанскиот репрезентативец но, тоа нема да се случи иако ги договорија личните услови со фудбалерот. Наводно, Бурнмаут е подготвен да испрати понуда од 30 милиони евра и веднаш да го купи Заниоло што е многу подобра опција за „римската волчица“.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не жали бидејќи Габриел Жезус и Олександар Зиченко во текот на летото заминаа во Арсенал и се наметнаа како лидери кај „топчиите“ кои се издвоија во трката за титулата. Двата тима денеска ќе се соочат во ФА Купот на Англија а Бразилецот и Укаринецот за прв пат ќе се вратат на „Етихад“ откако ги напуштија „граѓаните“. „Ние имаме неверојатна почит кон нив прво како луѓе а потоа како фудбалери. Секако дека сакаме да ги победиме“ – потенцираше шпанскиот тренер.
Тренерот, Алфред Шредер, доби отказ од Ајакс по вчерашното реми на домашен терен со Волендам во рамките на фудбалскиот шампионат на Холандија. -Ајакс го смени Алфред Шредер од неговата позиција. Договорот на тренерот требаше да трае до 30 јуни 2024 година но, сега е раскинат. Договорот на помошниот тренер Матијас Калтенбах исто така ќе биде раскинат– стои во соопштението на „копјаниците“. Шредер во 2022 година го напушти Клуб Бриж и се пресели на „Амстердам Арена“. Тој го наследи Ерик тен Хаг кој замина во Манчестер Јунајтед.
