Селекциите на Шведска и Франција доцна вечер од 21.00 часот во Теле2 Арената во Стокхолм ќе го одиграат второто полу-финале на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска.
Домаќините ќе имаа голема поддршка од трибините и улога на фаворити. „Триколорите“ ќе се обидат да се реваншираат за поразот во истата фаза од пред две години на собирот во Египет.
„Викинзите“ ќе бидат без капитенот, Џим Готфридсон, кој заработи скршеница на раката во четвртфиналето.