Левиот бек на Шпанија, Данил Душебаев, крајно мотивиран го очекува денешниот меч со Данска во последниот елиминациски филтер пред големото финале на ракометниот Мундијал во Послка и Шведска.
„Знаеме дека тие се неверојатен тим. Можам да кажам дека Норвешка го има Сандер Сагосен а Данска го има (Микел) Хансен. Зад него се играчи на врвно ниво како (Никлас) Ландин, (Матијас) Гидсел, (Сајмон) Питлик, – дури и нивните резерви се неверојатни“ – вели 25-годишниот играч.
„Ние сме тим кој се бори 60 минути или дури 80. Мораме да бидеме сконцентрирани и да се обидеме да ги намалиме грешките. Не смееме да им дозволиме да се чувствуваат удобно на теренот“ – вели играчот на Кјелце.