Голманот на Шпанија, Гонзало Перез де Варгас, вели дека се чувствува физички и психички истрошен пред денешниот меч во полу-финалето со селекцијата на Данска на СП во Полска и Шведска.
„Не би можел да бидам погорд на мојот тим со тоа што го направивме 80 минути. Се боревме против еден од најдобрите тимови во светот со многу подеми и падови. Дури и да загубивме, ќе бев толку многу горд на овие момци. Неверојатно е да се биде тука и повторно да се биде во полуфиналето“ – потенцираше Варгас по триумфот против Норвешка во 1 / 4 финалето на СП.
Голмaнот на Барселона на тековниот собир има одбрането 55 шутеви или 33 проценти од вкупно 166 упатени кон неговиот гол.