Author: dino

Денеска на Светското првенство во ракомет во Полска и Шведска е слободен ден за сите селекции. Тие што останаа во трката за титулата од утре ќе го стартуваат четвртфиналето додека тие во Претседателскиот Куп ќе играат за конечен пласман. Македонија во битка за 27 место ќе се сретне со Јужна Кореја. Мечот утре ќе започне во 18.00 часот.

Read More

Фудбалерот, Тиаго Силва, кој има договор со Челзи до крајот на сезонава, веројатно ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2024 година, најави денеска – „Гардијан“. Бразилскиот дефанзивец кој пред три сезони беше купен од францускиот ПСЖ, се претвори во една од главните ѕвезди кај лондончани. 38-годишниот играч кој на времето настапуваше и за италијанскиот  Милан сега е главниот столб во одбраната на „сините“. Затоа Челзи сака да го задржи барем уште една сезона.

Read More

Челниците на фудбалски состав Мајорка покажуваат дека се заинтересирани за македонскиот играч, Енис Барди, кој настапува во Трабзонспор. Тоа значи дека нашиот репрезентативец кој беше купен од Леванте за 3 милиони евра, може да се врати на Пиринеите и повторно да игра во Ла Лига. Турскиот тим кој се раздели со тројца фудбалери со цел да го намали буџетот за плати, планира да се ослободи од уште неколку играчи меѓу кои се врти и името на Барди.   

Read More

Фудбалерот, Душан Влаховиќ, од понеделник ќе се врати на активностите во тимот, потврди тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри. „Старата дама“ по казната со одземање на 15 бодови, падна на 10. позиција на табелата. „Ќе мора да освојуваме бодови. Имаме натпревари во Лига Европа и  Купот на Италија. Набрзо се враќаат Влаховиќ и Пол Погба“ – потврди Алегри. „Пред казната имавме 37 бодови и можевме да конкурираме и за титулата.  Сега мора да работиме и да заборавиме на тоа што се случи“ – потенцираше тренерот на Јуве.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска ќе гостуваат кај Атлетик Билбао во рамките на новото коло во Примера Дивизион. Тренерот на „белите“, Карло Анчелоти, нема да менува многу во стартната постава споредено со претходниот куп- меч со Вилјареал. „Модриќ и Крос се недопирливи но, тоа не значи дека треба да играат на секој натпревар. Тие се фудбалери што испишаа историја во клубот“ – вели Италијанецот.   На табелата во шпанскиот шампионат води Барселона со 41 бод пред Реал Мадрид и Реал Сосиедат кои имаат по 38.

Read More

Нашите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов,  повторно ќе бидат на теренот на Светското првенство во Полска и Шведска. Тие доцна вечер од 21.00 часот во „Таурон Арената“ во Краков ќе го судат дербито меѓу Франција и Шпанија. Тоа ќе биде четвртиот натпревар за македонските судии на Мундијалот. Претходно во првата фаза судеа на мечевите:  Бахреин – Тунис 27:27 и Португалија – Унгарија 27:20 а потоа во главната фаза беа активни на средбата Исланд – Шведска (30:35).

Read More

Селекторот на нашите ракометари, Кире Лазаров, вели дека Тунис ја служи победата на вчерашниот меч во групната фаза на „Президент Купот“. „Кога имавме гол предност не успеавме да го зголемиме водството. Потоа нашите грешки ги казни противникот. Тунис има подобри играчи а ние го немаме потребното искуство“ – вели Лазаров. Утре во последното коло Македонија со Мароко ќе решава за второто место во групата додека Тунис ќе излезе на мегдан со Алжир за потврда на првата позиција. Доколку го победиме Мароко ќе разигруваме за 27 место во спротивно ќе се бориме за 29-то.

Read More

Македонските ракометари го претрпеа првиот пораз во групата во „Прeзидент Купот“ на Мундијалот со Полска и Шведска. Тие денеска загубија од селекцијата на Тунис со 33 спрема 28 откако кон средината на вториот дел влеговме во серија на грешки а противникот отиде на плус 4 . До крајот, африканците успеаја да ја задржат предноста и да си го обезбедат првото место во групата. Најефикасни во нашите редови беа Кузмановски и Манасков со по седум голови додека кај победничкииот тим се издвои Дармул со осум. Во последното коло в понеделник ние ќе играме со Мароко од 18.00 часот додека Тунис ќе…

Read More

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацелија, може да го пропушти викенд натпреварот против Салернитана во ракмките на Серија „А“. 21-годишниот Грузиец е болен од грип и не се појави на денешниот тренинг на тимот. Доколку искусниот играч не се опорави, на неговото место ќе игра нашиот, Елиф Елмас. Кварацелија покажува брилијантна форма со 9 голови и 12 додавања од почетокот на сезоната. Тој во вторникот ја пропушти средбата против Кремонезе во рамките на Купот

Read More