Нашите најдобри ракометари со победа против Алжир 40-25 го започнаа настапот во „Президент Купот“ на Светското првенство во Полска и Шведска. Избраниците на Кире Лазаров на воведниот меч во групата во Плоцк немаа тешка задача против африканскиот состав. Македонија доминираше од првата до последната минута а победата беше најавена уште по првиот дел кога имавме предост од 19:11. Во нашиот тим Жарко Пешевски постигна 7 голови беа промашување, Манасков исто така дојде до 7 додека Ѓорѓиев, Костески, Савревски и Стојковиќ погодија по четири пати. Наредниот меч за нашите ракометари ќе биде в сабота од 18.00 часот против Тунис. Настапот во…
Author: dino
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, на крајот на сезонава ќе го напушти англискиот состав и ќе се пресели во редовите на Барселона. Репрезентативецот на Германија на 30 јуни ќе биде слободен играч и ќе замине на Пиринеите. Веста ја потврдија повеќе медиуми во Шпанија. 32-годишниот играч кој беше купен во 2016 година од Борусија Дортмунд, досега одигра 278 меча за „граѓаните“.
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, по денешната сигруна победа против Енцо Куко на Отвореното првенство на Австралија, вели дека има сериозни проблеми со повредата која го мачи извесен период. „Да бидам искрен, не е добро. Сега е до Бога, физиотерапевтите и сите други да ми помогнат“ изјави Ѓоковиќ за „Евроспорт“. Тој во третото коло на првиот годинашен Грен Слем ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија.
Фудбалерите, Душан Влаховиќ, Пол Погба и Хуан Куадрадо, ги одиграа првите минути во 2023 година откако успеаа да ги надминат повредите. Тие беа активни на пријателскиот меч со Фосано. Сепак, тројцата сигурно ќе ја пропуштат денешната средбат со Монца во Купот а ќе останат и под знак прашалник за неделниот домашен натпревар со Аталанта во Серија А. Јувентус е трет во рангирањетo со 10 бодови помалку од лидерот Наполи .
Челниците на Рома ја одбиле понудата на Тотенхем за фудбалерот, Николо Заниоло, објави денеска „Скај Италија“. Во текстот не се отрива висината на предлогот на „спарси“ но, јасно е дека е помал од 40 милиони евра колку што бара „римската волчица“. Деновиве се појави информација дека за услугите на Заниоло е заинтересиран и составот на Вест Хем.
Дуелот меѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси во Ријад, привлекува големо внимание во Саудиска Арабија. Португалецот ќе биде капитен на комбинираниот тим на фудбалери на Ал-Насер и Ал-Хилал додека Аргентинецот ќе го предводи ѕвездениот состав на Пари Сен Жермен. Тоа ќе биде прв меч за петкратниот освојувач на „Златната топка“ по неговиот трансфер во Азија. Приходот ќе биде наметнет за добротворна органзиација. Бизнисмен од Саудиска Арабија платил 2,1 милиони фунти за ВИП билет кој бил ставен на аукција со почетна цена од 220.000 фунти. На крајот, Мушараф бин Ахмед Ал-Гамди победи во наддавањето и стана сопстевник на најскапиот билет во…
Фудбалерот на Арсенал, Седрик Суареш, има реална шанса до крајот на неделава да замине во редовите на Фулам. 31-годишниот играч на „топчиите“ досега имаше само едно појавување на теренот и тоа против Брајтон во третото коло на Карабао купот. Медиумите во Англија велат дека единствен проблем за најавениот трансфер може да биде платата на Седрик од 26.000 фунти неделно бидејќи Фулам не може да си ја дозволи.
Макс Верстапен кој има две титули во шампионатот во Формула 1, вели дека секој возач мора да биде максимално подготвен доколку сака да се бори за победникиот пехар. „Ако не сте подготвени за битките, тогаш подобро не излегувајте на патеката“ – потенцираше членот на Ред Бул на средбата со новинарите. „Ќе биде многу тешко ако секоја сезона е идентична како во 2021 година. Тогаш не ни беше воопшто лесно но, да бидам искрен, тоа не се случува постојано во Формула 1“ – вели Холанѓанецот.
Барселона ќе го пушти фудбалерот, Мемфис Депај во Атлетико Мадрид ,доколку добие 7 милиони евра или во спротивна насока замине Јаник Фереира Караско. Второто тешко дека ќе се случи бидејќи Белгиецот е еден од омилените фудбалери на тренерот, Диего Симеоне. Во изјава за белгискиот медиум – „DH les Sports +“, агентот на Караско – Пини Захави, уверува дека преговорите се започнати и дека неговиот клиент има голема желба да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“. „Се уште нема ништо конкретно и не знам дали целата работа ќе се финализира“ – изјави Захави.
Извршниот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Оливер Кан, потврди дека течат преговорите за голманот на Борусија Мехенгладбах, Јан Зомер. „Сега не можам да кажам каков ќе биде резултатот на тој процес “ – изјави Кан и ги отфрли шпекулациите дека ќе се преговара и со Кевин Трап од Ајнтрахт Франкфурт. Баварците се во потрага по голман откако Мануел Ноер заработи повреда додека беше на скијање и ќе мора да го пропушти вториот дел од сезоната.
