Author: dino

Фудбалерот, Енцо Фернандез, за тоа што остана во Бенфика и не ја прифати понудата на Челзи, ќе добие награда од  клубот. Според информациите, челниците на португалскиот гигант  ќе му дадат премија од два милиони евра. Тоа е сепак условено, бидејќи „сините“ се уште имаат можност да ги купат неговите права доколку ја платат клаузулата од 120 милиони евра. Фернандез на последното Светско првенство во Катар ја доби наградата за најдобар млад фудбалер.

Read More

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на претстојното Европско првенство 2023.  Македонија ќе биде домаќин на групата„ Ц“ во Скопје од 30-ти август до 06. Септември. Првите четири репрезентации од групата ќе одат во наредната елиминациска фаза. Еве го комплетниот распоред на македонската селекција со термини.30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка

Read More

Фудбалерите на Торино, Никола Влаших и Саша Лукиќ, влегуваат во радарот на неколку екипи од Англија. Според одредени шпакулации, Вест Хем сака да си го врати Хрватот кој настапува како позајмен во Серија „А“. Лукиќ, пак, кој добил понуда од Фулам, не крие дека сака да заигра во Премиер-лигата.  Според наведеното, англискиот состав е подготвен да плати 8 милиони фунти.

Read More

Фудбалерот на Њукасл, Желингтон, кој беше приведен од полицијата додека возел во алкохолизирана состојба, ќе треба да плати 31.085 фунти. Згора на тоа, Бразилецот според одлуката на судот не смее да вози во период од една година. Казната може да се намали на 9 месеци доколку посетува посебна установа за одвикнување од алкохол. Екипата на Њукасл објави дека нема намера дополнително да го казни играчот.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, може да го напушти клубот доколку „сините’ не обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона.  Според одредени наводи од Германија, за неговите услуги е заинтересиран Баерн Минхен. Баварците се подготвени да платат и 60 милиони евра за да го добијат германскиот напаѓач. Хаверц во 2020 година си замина од Баер Леверкузен и потпиша за англискиот состав.

Read More

Македонската ракометна репрезентација го освои 27-то место на Светското првенство во Полска и Шведска откако во последниот меч за пласман ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со 36:33. Избраниците на Кире Лазаров одиграа добро во првиот дел но, попуштија кон средината на вториот кога противникот успеа да направи целосен пресврт.   Сепак, подобрата игра во финишот ни овозможи со победа да го затвориме настапот на Мундијалот. Филип Кузмановски со осум голови беше прогласен за МВП на дуелот.

Read More

Стандардниот фудбалер на Милан, Фикајо Томори, поради повреда ќе мора да паузира подолг период, покажаа денешните детални лекарски прегледи. Тој се повреди на вчерашниот меч кај Лацио и мораше принудно да го напушти теренот во 23. минута. Капитенот на „росонерите“, Давиде Калабрија, исто така се пожали на болки во ногата во финишот на мечот но, не станува збор за ништо сериозно.

Read More

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ, нема да се опорави за саботниот меч со Кременозе во Серија „А“. Луѓето од Милано се надеваат дека искусниот фудбалер ќе може да биде на теренот за Куп- дуелот со Аталанта на 31 јануари илиза градското дерби со Милан закажано на 5 февруари. Брозовиќ кој беше дел од Хрватска на Светското првенство во Катар се оправува од повреда на потколеницата.

Read More

Холандскиот фудбалски напаѓач, Арнаут Данџума, се пресели од Вилјареал во Тотенхем. Тоа го објави лондонскиот клуб на социјалните мрежи. Договорот е во форма на позајмица до крајот на тековнава сезона со можност да бидат откупени правата за играчот. Одлуката дали ќе се активира таа ставка или не, зависи целосно од намерите на Тотенхем бидејќи опцијата не е задолжителна. Долго време Евертон беше главен претендент за 25-годишниот играч но, работите се променија во последен миг.

Read More

Пјетро Фитипалди и петта сезона по ред ќе биде резервен и воедно тест возач на Формула 1 тимот на Хаас. Тој паралелно ќе биде активен и во Светскиот шампионат на издржливост и ќе вози за Јота во класата – „LMP2“. Фитипалди веројатно ќе се појави на претсезонските тестови во Ф1 во Бахреин во февруари како и на неколку слободни тренинзи во текот на сезоната. Пјетро Фитипалди е внук на легендарниот двократен светски шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди.

Read More