Македонската ракометна репрезентација го освои 27-то место на Светското првенство во Полска и Шведска откако во последниот меч за пласман ја совлада селекцијата на Јужна Кореја со 36:33.
Избраниците на Кире Лазаров одиграа добро во првиот дел но, попуштија кон средината на вториот кога противникот успеа да направи целосен пресврт.
Сепак, подобрата игра во финишот ни овозможи со победа да го затвориме настапот на Мундијалот. Филип Кузмановски со осум голови беше прогласен за МВП на дуелот.