Author: dino

Откако фудбалерот, Милан Шкрињар, потврди дека се договорил со ПСЖ, првите луѓе на Интер се обидуваат експресно да му најдат замена. Бидејќи интернационалецот од Словачка очекува до крајот на зимскиот трансфер период да замине во Франција, „росонерите“ сакаат да го земат на позајмица стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. Италијанците првично сакаат да го ангажираат, Виктор Линделоф но, откако тоа не им успеа, сега се насочија кон неговиот соиграч од стадионот – „Олд Трафорд“.

Read More

Фудбалерот, Жоао Кансело, ќе го напушти составот на Манчестер Сити и ќе потпише за Баерн Минхен, објавија деенска медиумите во Англија и Германија. Фудбалерот кој не добиваше шанса во редовите на „граѓаните“ заминал во Минхен да ги направи  медицинските тестови и да потпише за Баварците. Десниот бек ќе остане до крајот на сезоната со опција во текот на летото да му биде откупен договорот.  

Read More

Тренерот на фудбалерите на Ал Наср, Руди Гарсија, откако проговори за Кристијано Роналдо по поразот во Супер-купот, сега се обиде да ја предвиди и иднината на Португалецот.  „Роналдо е позитивно засилување за нашиот тим. Тој предизвика паника кај противничките дефанзивци. Станува збор за еден од најдобрите играчи во светот а како таков, мислам дека нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Веројатно ќе се врати во Европа“ – вели Руди Гарсија. Роналдо потпиша со тимот од Саудиска Арабија договор за две и половина години со кој треба да заработи околу 500 милиони евра.

Read More

Тенисерката, Арина Сабаленка, го освои првиот сезонски Грен Слем  турнир – „Отвореното Првенство на Австралија “. Таа денеска во финалето на – „Род Лејвер Арената“  ја совлада Елена Рибакина од Казахстан со 2 спрема 1 по сетови: 4-6, 6-3 и 6-4. За претставничката на Белорусија тоа е првиот голем трофеј во кариерата. Спектаклот на централниот терен во  – „Мелбурн Парк“ започна со овации од трибните кон домашната тенисерка, Ешли Барти, која во изминатата година неочекувано се повлече од белиот спорт. Таа се појави со шампионскиот трофеј од претходното издание.

Read More

Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, си обезбеди место во финалето на ИТФ турнирот во Тунис откако Сакеларадис од Грција, го предаде денешниот меч во рамките на полу-финалето. Ивановски водеше со 1-0 во сетови и 3-0 во гемови кога гркот се одлучи да се повлече од теренот. Македонскиот тенисер во финалето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Ечаргуи од Турција и Форти од Италија.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим вчера сосема заслужено го совлада Арсенал со 1-0 и замина во осмина-финалето од ФА Купот. „Бевме подобри во второто полувреме. Тоа беше тежок и неизвесен натпревар. Видовме колку тие се добри. Не очекував тактика – човек на човек“ – потенцираше Шпанецот. „Го победивме лидерот во Премиер и задоволен сум што одиме натаму“ – изјави Гвардиола.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, во изминатото лето сакал да си замине од Наполи но, спортскиот директор Кристијано Џунтоли и тренерот Спалети го убедиле да остане. -Џунтоли го поддржа Спалети и го убедија Елмас да остане. Му објасниле дека е значаен член на Наполи и посебно го мотивирале да биде уште подобар – објави денеска „Телевормеро“. Ќе потсетиме дека во тој период се појавија одредени шпекулации дека за потписот на Елмас се заинтересирани неколку екипи од Серија „А“.

Read More

Откако медиумите во Хрватската објавија дека во соблекувалната на Динамо Загреб има  големи превирања, нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски, се обиде да ја објасни ситуацијата. „Не ми е јасно како тоа што го разговаравме се пренесе во јавноста. Не е работата да сакаме нешто да сокриеме, туку тоа се нашите приватни работи“  – вели Ристовски. „Работите потоа се вадат од контекст затоа што никој не знае каква била ситуацијата во соблекувалната и под кои околности нешто се зборувало“ – потенцираше македонскиот интернационалец.

Read More

Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас ќе се сретнат в недела во големото финале на првиот сезонски тениски Грен Слем на терените во Мелбурн. Српскиот тенисер денеска славеше против  Томи Пол од САД со убедли 3-0 по сетови 7-5, 6-1 и 6-2 додека Гркот, Циципас беше подобар од Русинот, Карен Хачанов со 3-1 по сетови 7-6, 6-4, 6-7 и 6-3. Ѓоковиќ кој има 21. пехар од  Грен слем турнирите, по 10-ти пат ќе игра во финалето на Австралија Опен.

Read More

Аеродром е прва општина која во основните училишта го имплементира спортот текбол. Тоа e резултат на соработката помеѓу Општината и Меѓународната текбол федерација а со поддршка од Македонскиот олимписки комитет. Во рамки на соработката, Градоначалникот Тимчо Муцунски, денеска прими донација за општината Аеродром која вклучува 40 текбол табли и 80 топки. Општина Аеродром, во спортскиот центар – „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на квалификациите за учество на Европските олимписки игри во текбол кои ќе се одржат догодина во Полска. Градоначалникот Муцунски упати благодарност до Меѓународната текбол федерација за реализацијата на денешната донација како и за меѓусебната соработка и поддршка.

Read More