Нашите најдобри ракометари со победа против Алжир 40-25 го започнаа настапот во „Президент Купот“ на Светското првенство во Полска и Шведска.
Избраниците на Кире Лазаров на воведниот меч во групата во Плоцк немаа тешка задача против африканскиот состав. Македонија доминираше од првата до последната минута а победата беше најавена уште по првиот дел кога имавме предост од 19:11. Во нашиот тим Жарко Пешевски постигна 7 голови беа промашување, Манасков исто така дојде до 7 додека Ѓорѓиев, Костески, Савревски и Стојковиќ погодија по четири пати.
Наредниот меч за нашите ракометари ќе биде в сабота од 18.00 часот против Тунис. Настапот во „Президент купот“ ќе го завршиме в понеделник против Мароко додека последниот меч за пласман на Мундијалот ќе го одиграме на 25 јануари.