Author: dino

Фудбалерите на Јувентус во петокот загубија од Наполи со 5:1 а поранешен капитен на  тимот, Алесандро Дел Пиеро, вели дека Масимилијано Алегри треба да остане на кормилото на „старата дама“ од Торино.   „Според мене, Алегри не треба да добие отказ. Тренерски промени во средината на сезоната не се добро прифатени во соблекувалната“ – вели  Дел Пиеро. „ Мислам дека неговата работа треба да биде оценета дури на крајот од сезоната“ – вели легендата на Јувентус.

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, вели дека Арсенал кој има осум бодови предност пред Манчестер сити во битката за титулата, нема да заврши ниту втор во Премиер лигата. „Знам дека ќе ги налутам навивачите на Арсенал но, нивниот тим нема да ја освои лигата, туку тоа ќе го направи Манчестер Сити додека Јунајтед ќе биде втор“ – вели Невил. „Топџиите“ по 18 кола имаат 47 бодови и го држат првото место на табелата. Сити е втор со 39 додека Њукасл и Јунајтед имаат по 38 бодови. Тотенхем заостанува во трката за титулата. „Спарси“ се на 5 место со…

Read More

Светската и олимписка шампионка во Супер- Џи, Лара Гут- Бехрами ја оствари втората победа во сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако беше најбрза во Сент Антон, Австрија. Второто и третото место го освoија Италијанките, Федерика Брињоне и Марта Басино. Брињоне сега се проби на првото место во Супер-Џи додека во генералниот пласман во алпско скијање води Микаела Шифрин (САД) пред Петра Влахова (Словачка). Двете не учествуваа на натпреварите во Сент Антон. Програмата од Светскиот куп за жени продолжува наредниот викенд во Кортина (Италија).

Read More

Иван Чупиќ жестоко одговори на сите навреди по поразот на Хрватска од Египет на стартот од СП во Полска и во Шведска. „За жал, има многу луѓе кои гледаат и разбираат ракомет само во јануари. Потоа забораваат на ракомет во наредните11 месеци, па сега си земаат за право да плукаат и навредуваат“ – вели хрватската легенда. „ Некои сакаат да заработат некоја пара во обложувачница па емотивно се обложуваат на Хрватска. Ако тоа не се случи, доаѓаат навреди и омаловажувања“ – пишува Чупиќ

Read More

Нашиот селектор Кире Лазаров имаше пофални зборови за репрезентативецот на Холандија Лук Стајнс. Играчот на ПСЖ беше најдобриот среден бек на континеталниот собир во Унгарија и во Словачка во изминатата. „Да имате играч како Лук Стајнс тоа е продолжена рака на тренерот. Тој ги забележува работите и се адаптира на играта“ – вели Лазаров.

Read More

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, во изјавата за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека Норвешка максимално ги казни сите наши грешки и сосема заслужено не победи. „ Се држевме егал одреден период, потоа дојде серија на наши грешки. Мислам дека резултатот е превисок“ – вели Митревски. „Тие играа добра одбрана и имаа брза транзиција. Дадоа неколку лесни голови. Навистина е тешко да играш против таква корпулентна репрезентација“ – потенцираше нашиот капитен.

Read More

Македонската ракометна репрезентација загуби од Норвешка со 39:27 во првиот меч на Светското првенство во Полска и Шведска. Фаворитот за медал беше доминантен и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Филип Талески беше најефикасен со 7 голови, Дејан Манасков имаше 5 а Филип Кузмановски постигна 4. Кај Норвешка, Сандер Сагосен кој беше прогласен за МВП на мечот даде шест голови. Еве ги резултатите од сите денешни мечеви.ГРУПА ФАргентина – Холандија 19:29 Норвешка – Македонија 39:27 ГРУПА ЕГерманија – Катар 31:27Србија – Алжир 36:27 ГРУПА ГМароко – САД 27:28 Хрватска – Египет 22:31 ГРУПА ХБахреин – Тунис 27:27 Данска – Белгија…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше напредокот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед во пресрет на викенд дербито. „Секогаш кога сум се соочил со нив ми било тешко. Тоа што се случуваше во претходните сезони е нивни проблем. Нормално е Манчестер Јунајтед да биде на таа позиција, четири бода зад нас“ –  потенцира Гвардиола. „Секое дерби е значајно. Има уште многу до крајот на првенството“ – нагласи тренерот на „граѓаните“.

Read More

Менаџерот на фудбалерите на  Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, верува во квалитетите на тимот и не е загрижен во пресрет на дербито со Манчестер Сити. „Потребна ви е јасна визија, филозофија и насока да се движите  Тоа е нашиот развоен процес “ – вели Тен Хаг. „Нашата претходна средба со Сити беше лоша, сега мораме подобро. Во изминатите месеци напредувавме“ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“.

Read More

Група А (Краков)1. Коло18.00 ЧИЛЕ – ИРАН20.30 ШПАНИЈА – ЦРНА ГОРА Група Б (Катовице)1. коло,18.00 САУДИСКА АРАБИЈА – СЛОВЕНИЈА Група Ц (Гетеборг)1. Коло18.00 ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ – УРУГВАЈ20.30 ШВЕДСКА – БРАЗИЛ Група Д (Кристианштад)1. Коло18.00 УНГАРИЈА – ЈУЖНА КОРЕЈА20.30 ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА

Read More