Македонската ракометна репрезентација загуби од Норвешка со 39:27 во првиот меч на Светското првенство во Полска и Шведска.
Фаворитот за медал беше доминантен и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Филип Талески беше најефикасен со 7 голови, Дејан Манасков имаше 5 а Филип Кузмановски постигна 4. Кај Норвешка, Сандер Сагосен кој беше прогласен за МВП на мечот даде шест голови.
Еве ги резултатите од сите денешни мечеви.
ГРУПА Ф
Аргентина – Холандија 19:29
Норвешка – Македонија 39:27
ГРУПА Е
Германија – Катар 31:27
Србија – Алжир 36:27
ГРУПА Г
Мароко – САД 27:28
Хрватска – Египет 22:31
ГРУПА Х
Бахреин – Тунис 27:27
Данска – Белгија 43:28