Светската и олимписка шампионка во Супер- Џи, Лара Гут- Бехрами ја оствари втората победа во сезонава во Светскиот куп во алпско скијање откако беше најбрза во Сент Антон, Австрија.
Второто и третото место го освoија Италијанките, Федерика Брињоне и Марта Басино. Брињоне сега се проби на првото место во Супер-Џи додека во генералниот пласман во алпско скијање води Микаела Шифрин (САД) пред Петра Влахова (Словачка). Двете не учествуваа на натпреварите во Сент Антон.
Програмата од Светскиот куп за жени продолжува наредниот викенд во Кортина (Италија).