Author: dino

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гаврдиола, му честиташе на Саутемптон за вчерашната победа остварена во Карабао Купот. Неговите  избраници иако беа фаворити на хартија загубија на гостувањето со 2:0. „Противникот беше подобар и мораме да му честитаме. Се надевавме дека ќе се пласираме во следната рунда но со таков настап тоа беше невозможно“ – вели Гвардиола. „Граѓаните“ на 14 јануари  ги очекува големата пресметка со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед – Виктор Линделоф, може да се пресели во таборот на Атлетико Мадрид. Шпанците неодамна преговарале со „црвените ѓаволи“ за трансфер на 28-годишниот фудбалер но, нивната понуда била одбиена. Актуелниот договор на Швеѓанецот е до 2024 година а неговата трансферна сума е 15 милиони евра. Тој во сезонава има 13 натпревари во сите конкуренции.

Read More

Фудбалерот на Фиорентина, Софијан Амрабат, има желба да се пресели во Атлетико Мадрид иако за неговите услуги се заинтересирани англиските гиганти, Ливерпул и Тотенхем. Репрезентативецот на Мароко кој имаше одлични настапи на Мундијалот во Катар, сака да работи под диригентската палка на Диего Симeоне. Договорот на Амрабат со „виолетовите“ е до јуни 2024 година. Во него има опција за продолжување за уште една година.

Read More

Фудбалерот, Исмаел Бенасер, ќе потпише нов договор со Милан, потврди техничкиот директор на „росонерите“ , Паоло Малдини. Тој прокоментира  дека Рафаел Леао исто така сака да го продолжи престојот на „Сан Сиро“. „Мислам дека во наредните 24 до 36 часа ќе договориме повторно потпис со Бенасер“ – беа зборовите на Малдини. Италијанскиот тим засега не планира да купува нови играчи во зимскиот трансфер период.

Read More

Селекторот Кире Лазаров го одреди списокот на ракометари кои ќе настапат на Светското првенство во Полска и Шведска. На истиот ги нема голманот Марко Кизиќ, крилото Цветан Кузманоски и десниот бек Давид Савревски. Тоа значи дека во Краков ќе заминат: Голмани: Никола Митревски и Мартин ТомовскиЛеви крила: Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ Леви бекови: Филип Талески, Иван ЏоновСреден бек: Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Павле Атанасијевиќ Десен бек: Томислав Јагуриновски, Мартин СерафимовДесно крило: Гоце Георгиевски, Ненад КостескиКружни напаѓачи: Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Костадин Петров Дефанзивец: Михајло Младеновиќ Македонија првиот меч ќе го одигра в петок од 20.30 против Норвешка. Потоа ќе дојдат дуелите со Холандија…

Read More

Мануел Гарсија кој му е агент задолжен за трансфери на Тео Ернандез, вели дека левиот бек може да остане до крајот на кариерата во редовите на Милан. „Секој фудбалер има тим што му одговара. Откако Тео дојде во Милан, се чувствува сакан од сите навивачи и целата околина. Тоа беше совршена комбинација“ – вели Гарсија.   25-годишниот француски интернационалец ги брани боите на „росонерите“ од 2019 година. Досега има одиграно 113 мечеви и постигнато 20-ет голови.

Read More

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, нема да го пушти  20-годишниот фудбалер Папе Сар да си замине во зимскиов трансфер период, објави денеска –  „Скај спорт Италија“.   За играчот од средниот ред е заинтересирана италијанската Салернитана која има намера да го земе на позајмица. Репрезентативецот на Сенегал во изминатиот месец забележа три настапа во сите натпреварувања – два во Премиер лигата како замена и еден во ФА Купот како стартер.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг размислува за враќање во екипата на Барселона. За неговиот потпис е заинтересиран и составот на Атлетико Мадрид. Напаѓачот во септември се пресели на „Стемфорд Бриџ“ токму од каталонскиот состав но, не успеа да се наметне за првата постава. Тој на 9 натпревари во Премиер лигата постигна само еден гол.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Интер сериозно размислуваат да го продадат Дензел Думфриској со неговите одлични настапи се повеќе се наметнува како еден од најдобрите десни бекови. Италијанците бидејќи се соочуваат со големи финансиски проблеми, планираат да го ослободат дефанзивецот доколку добијат понуда повисока од 50 милиони евра. Според одредени шпекулации, за неговиот потпис како главни кандидати се наметнуваат Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.  

Read More

Екипата на Шахтјор ќе ја прифати последната понуда на Арсенал и ќе го испрати младиот фудбалер, Микаило Мудрук во Лондон, пренесуваат денеска медиумите од Англија. Тоа значи дека украинскиот клуб кој претходно одби две понуди на „топчиите“ сега ќе прифати сума од  околу 100 милиони евра. 22-годишниот фудбалер во тековнава сезона  постигна 10 гола и запиша 8 асистенции на 18 одиграни натпревари.

Read More