Author: dino

Фудбалерот, Џејден Санчо, кој досега тренираше индивидуално, од вчера им се приклучи на соиграчите во Манчестер Јунајтед. 22-годишниот фудбалер по рехабилитацијата во Холандија на која го испрати менаџерот, Тен Хаг, сега се врати во Англија. Тој бил активен на вчерашниот тренинг. Санчо последниот меч го одигра изминатиот октомври против Челзи во рамките на 13. коло на Премиер лигата.

Read More

Тенисерот, Мекензи Мекдоналд (САД), направи огромна сензација на отвореното првенство на Австралија откако го совлада главниот фаворит за пехарот Рафаел Надал со убедливи 3-0 по сетови 6:4, 6:4, 7:5. Тоа е прв пат по 2016 година Шпанецот да биде елиминиран уште во второто коло на првиот сезонски Грен Слем турнир. Американецот, кој се наоѓа на 65-тото место на АТП листата не крие дека е презадоволен од победата. „Многу сум задоволен од начинот на кој го започнав мечот. Играв добро, одлично сервирав а моите враќања ми одеа добро. Навистина можев совршено да му се спротивставам” – прокоментира Американецот.

Read More

Нашите најдобри ракометари денеска против Аргентина ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман во главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. Двете земји досега загубија од Норвешка и Холандија а според гол-разликата, избраниците на Кире Лазаров мора да одат на победа додека „гаучосите“ ќе ја исполнат целта ако во најмала рака извлечат нерешено.  Македонија против селекциите од Јужна Америка има 3 победи сите против Чиле и два пораза од Бразил. Мечот во Краков меѓу Македонија и Аргентина ќе започне од 18:00 часот во „Таурон Арена“. За деталите, слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. 

Read More

Играчот на ПСЖ, Пабло Сарабија, ја прифатл понудата на Вулверхемптон и кариерата ќе ја продолжи во Премиер-лигата, тврдат медиумите во Англија. Информацијата на Твитер ја потврди и познатиот италијански спортски новинар, Фабрицио Романо. Тој напиша дека  Сарабија заедно со Жоао Гомез, деновиве ќе бидат претставени како засилувања за клубот.

Read More

Кристијано Роналдо ќе го предвооди „Ол Стар“ тимот на Ријад составен од фудбалери на Ал Наср и Ал Хилал на пријателскиот меч против француски ПСЖ закажан на 19 јануари. Средбата ќе се одигра во рамките на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија. Португалецот официјално ќе дебитира за екипата од Саудиска Арабија на 22 јануари против Ал Итифак во рамките на домашниот шампионат. 

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Милан ќе се обидат да го купат голманот на второлигашот француски Сент Етјен – Ноа Ревир. „Росонерите“ имаат постојани проблеми со голманите: Мајк Меињан, Ципријан Татарушану и Антонио Миранте и затоа неодамна потпишаа договор со Колумбиецот, Дејвис Васкез. Тие сега се обидуваат да преговараат и за 17-годишниот играч чиј договор истекува на лето.

Read More

Голманот на Тотенхем, Уго Лорис, доби жестоки критики преку социјалните мрежи за големата грашка на дербито со Арсенал. На тоа реагираше легендарниот Дејвид Симан кој застане во одбрана на искусниот чувар на мрежата. „ Не треба да се заборави една значајна работа. Секој прави грешки но, тој останува брилијантен голман“ – вели Симан. „Верувам дека и во иднина ќе има добри одбрани“ – потенцираше Симан.

Read More

Новото засилување на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Вут Вегхорст, изјави дека очекува добри партии во продолжението од сезоната во Премиер-лигата. „Јас сум напаѓач кој сака да постигнува голови. Тимот игра одлично во последниов период“ – вели корпулентниот голгетер. „Знам дека можам да помогнам. Ќе дадам се од мене за да бидам уште подобар во Јунајтед“ – изјави Холанѓанецот кој е времено ангажиран од Бешикташ за обештетување од 2,5 милиони фунти.

Read More

Фабио Паратичи кој 11 години беше задолжен за трансфери во екипата на Јувентус пред да замине во Тотенхем, ја коментираше истрагата околу финансиските неправилности кај италијанскиот клуб. „Малку сум вознемирен и непријатно е да се зборува за тоа. Да бидам искрен, неколку работи не се сосема јасни и повеќе сакам да молчам“ – вели Паратичи. „Секој има верзија за тоа што се случило но, во моментов работите се прикажуваат еднострано“ – додаде Паратичи.

Read More

Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран, ќе го напушти американскиот состав Чикаго и ќе се пресели во редовите на Астон Вила. Англискиот фудбалски состав ќе плати 22 милиони долари за потписот на 19-годишниот играч кој постигна осум гола во изминатата сезона во Мејџор Лигата.  Трансферот на Дуран ќе се реализира откако ќе се исполнат условите за добивање на работна виза за Велика Британија.

Read More