Скијачот, Лукас Братен од Норвешка, оствари сензационална победа на денешниот слалом возен во швајцарскиот зимски центар – Аделбоден. Второто место му припадна на неговиот сонародник Ли Мекгрет додека трет резултат оствари Германецот Линус Штрасер. 22-годишниот Братен, кој сезонава победи на слаломот во Вал Д’Изер и велеслаломот во Алта Бадија, останува лидер во слалом пред Австриецот Мануел Фелер и Хенрик. Во вкупното рангирање кај мажите, води Швајцарецот Марко Одермат пред Норвежанецот Омод Килде и Кристоферсен.
Author: dino
Американската скијачка, Микаела Шифрин, беше најбрза на денешниот велеслалом што се одржа во Крањска Гора. Таа стигна до 82 победа во Светскиот куп и го израмни рекордот на сонародничката, Линдзи Вон. Второто место денеска го освои Италијанката, Федерика Брињоне додека Лара Гут Бехрами од Швајцарија се искачи на третото место на подиумот. Басино со 425 бодови води во велеслалом пред Шифрин и Бехрами. Шифрин пак, е убедливо прва во генералниот пласман во Светскиот куп во алпско скијање.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, се осврна на заминувањето на Кристијано Роанлдо во шампионатот на Саудиска Арабија. Португалецот сега ќе го носи дресот на Ал Насер. Неговиот договор ќе биде наредните 2 години. „Имав чувство дека тој би сакал да остане во Европа но, големите клубови не дадоа понуда. Неговиот крај требаше да биде на „Олд Трафорд“ . Изгледа дека Роналдо ќе ја заврши кариерата во Саудиска Арабија“ – нагласи Невил.
Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, веројатно ќе добие понуда да се пресели во Премиер-лигата, најавија денеска медиумите во Италија. Наводно, првите луѓе на Њукасл се подготвени да платат 50 милиони евра за потписот на одличниот играч. 23-годишниот фудбалер има договор со Рома до 2024 година а преговорите за продолжување на соработката пропаднаа.
Реал Мадрид вчера славеше на гостувањето кај Валјадолид со двата гола на Карим Бензема но, медиумите се едногласни дека играч на мечот беше младиот, Едуардо Камавинга. Тој со влегувањето во 69-та минута го подигна темпото на „кралевите“ и кумуваше на пресвртот. За тоа доби пофалби и од Карло Анчелоти. „Камавинга прави поголема разлика кога ќе влезе од клупата. Тој е многу млад и треба да учи за поставеноста на теренот“ – изјави Анчелоти.
Навивачите на Еспањол нема да бидат присутни на стадионот – „Камп Ноу“ на денешниот дуел со Барселона. На тој начин гостите ќе го покажат незадоволството од одлуката на спортскиот суд во Мадрид да му дозволи на фудбалерот, Роберт Левандовски, да учествува на дербито. Полскиот напаѓач заработи црвен картон и требаше да добие суспензија но, тоа не се случи.
Сантос ќе го повлече дресот со бројот 10 кој го носеше Пеле. Легендата на фудбалот почина во четвртокот на 82- годишна возраст. „Му гo предложиме тоа на Управниот одбор. Времено ќе го укинеме користењето на бројот 10” – изјави првиот човек на клубот, Андре Руеда. Медиумите во Бразил објавија дека семејството на „кралот на фудбалот“ го побарало тоа.
Марко Одермат со денешната победа на трката во Супер-џи во Бормио, останува на курсот да го одбрани големиот Кристален глобус во алпско скијање. Тој ја помина патеката 1:29.27 минути пред Австриецот, Винсент Крихмајер и Лук Мејлард од Швајцарија. Изненадување направи Австриецот, Даниел Хеметсбергер, кој дојде до четвртото место. Одермат со 280 бодови води во рангирањето во Супер –џи. Го следат Александар Амод Килде од Норвешка и Крихмајер. Интересно е тоа што истиот распоред го имаме и во генералниот пласман во светскиот шампионат
Клаудио Раниери кој го презеде кормилото на Калјари, може да го врати белгискиот фудбалер Раџа Наинголан, пишува италијанскиот весник – „Кориере дело спорт“. Според најавите, искусниот стратег сака во јануари да го врати 34-годишниот ветеран. Тој е слободен играч откако во октомври се раздели со Антверпен. Наинголан играше за Калјари од 2010 до 2014 година и од 2019 до 2021 година.
Бразилскиот играч за врска, Андреј Сантос, денеска ќе пристигне во Лондон за да ги направи задолжителните медицински прегледи и да потпише за екипата на Челзи. „Сините“ за ангажманот на 18-годишниот талент му платија на Васко де Гама сума од 12, 5 милиони евра. Вчера англискиот клуб потврди дека му платил на Молде 12 милиони евра за трансферот на Давид Фофана. 20-годишниот играч од Брег Слонова Коска треба да пристигне во Англија на 1 јануари во 2023.
